Циципас со контроверзна изјава за тенисерките: Правилата да се изедначат како и заработката

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас (23) смета дека не би било лошо и тенисерките да играат на три освоени сета на Грен слем турнирите, а оваа негова изјава крена прашина во тенискиот свет.

Имено, новинарите го прашаа Циципаша дали повеќе сака да игра во два или три освоени сета, а тој прво се осврна на тоа дека мажите играат во повеќе освоени сетови во однос на жените на четирите најголеми турнири, додека наградниот фонд е целосно изедначен.

„Не би сакал да звучам контроверзно. Тука е и она околу еднаквите плати. Жените добиваат иста сума пари како и мажите, иако играат во два добиени сета. Има многу научници и статистичари кои велат дека жените се поподготвени и поиздржливи од мажите. Не знам, можеби тогаш би можеле да одиграат и пет сета“, рече Циципас.

URL

Гркот додаде дека му се допаѓа форматот на три освоени сета на Грен слемовите, но додаде дека намалувањето на два ќе донесе промени во светот на тенисот.

„Би можеле да видиме поголема варијација кога станува збор за шампионите на Грен слем ако играме на два добиени сета. Навистина верувам во тоа, би имало многу различни шампиони. Александар Зверев би го освоил УС Опен, јас Ролан Гарос. Тоа е сосема поинаква психологија. Некои поискусни играчи полесно би се враќале во форма. Кога се игра на три добиени сета, во сила е друга психологија. Овој формат им овозможува на големите играчи, поискусните, да го возвратата ударот. Сепак, ми се допаѓа тој формат“, рече Гркот.

Циципас моментално е на АТП турнирот во Мајами каде се пласираше во осминафиналето. Таму ќе игра против Австралиецот Алекс Де Минаур.

реклама

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе