Црвен аларм во Реал Мадрид: Дали Зидан блефира?

Реал Мадрид нанижа уште еден пораз. На средбата со Тотенхем, во полуфиналето од Ауди Купот во Минхен Англичаните победија со 1:0, а во екипата на Зинедин Зидан се покажа само голманот Кејлор Навас.

Францускиот стратег се обиде со формација 4-4-2, без Касемиро, па Лука Модриќ и Тони Крос мораа да трчаат од подалеку, што резултираше со игра на пониско ниво, особено од хрватскиот капитен, анализира Marca.

„Од него се бараше да трча во средината на теренот, без Касемиро и не можеше да одигра најдобро како што знае“, пишува угледниот шпански весник.

„Црвен аларм во Реал, само седум победи во 21 натпревар“, гласи насловот на Marca за текстот во кој се спомнува дека откако Зидан се вратил на клупата на „Кралскиот клуб“ имал само 33% победи.

Сепак, за него ова не е причина за возбудување, а тоа ја вознемирува публиката. Кога нема ни игра, ни резултати, навивачите се прашуваат во што е проблемот, бидејќи Реал во летниот преоден рок веќе потроши 303 милиони евра.

„Знам дека сме добар тим. Ни треба една победа. Тоа е сѐ што ни треба“, рече Зидан.

„Денес бевме подобри и мора да бидеме сѐ поодбри секој ден. Не може да бидеме задоволни со пораз, но бевме подобри во секој аспект. Мора да бидеме позитивни, знаејќи дека мора да играме подобро“, гласеше спорната изјава на Зидан што ги „боцна“ навивачите.

Проблемите се трупаат

Многумина се прашуваат дали Зидан блефира и што воопшто да се очекува од ваков Реал кој ништо не покажа во подготвителниот период.

Токму Еден Азар беше донесен од Челзи за да може Реал да заигра значително подобро, но според шпанските медиуми Бегиецот мака мачи со вишокот килограми.

„Азар уште го нема најдено своето место во оваа екипа на Реал. Тој е исклучителен играч кого моментално го спречуваат лошите настапи на екипата. Зидан го стави лево, но тој уште не влијае на играта. Одушеви против Баерн, но сега имаше само три тивки натпревари. Секако дека ќе успее во Мадрид, но засега не е тој икс-фактор“, критична е Marca.

Проблемите почнаа на подготовките во САД каде Атлетико Мадрид го „закопа“ Реал со седум гола. Згора на сѐ се надоврзуваат тешката повреда на Марко Асенсио и пропаднатиот трансфер на Герет Бејл.

Односот меѓу Велшанецот и Французинот одамна е заладен, а Бејл никако да замине од клубот.

Објаснувањето на Зидан зошто Бејл не се појави на Ауди Купот е само уште една причина за нервози за фановите.

„Не допатува со нас бидејќи не се чувствуваше добро. Во договор со лекарите одлучив дека е подобро да остане во Мадрид“, објасни Зидан.

Marca: „Доста со парализираноста: Реал Мадрид мора веднаш да ги донесе Погба и Нејмар“

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе