Црвена младина му врати на Џамбазки: Ни Пиринска не е ваша, а не па Вардарска

Откако го отстранија навредливиот транспарент во Благоевград, активисти на Црвена младина сега во Скопје истакнаа транспарент со порака до бугарскиот европратеник со фашистички идеали, Ангел Џамбазки.

Контроверзниот европратеник, кој дури и во Европскиот парламент го има направено нацистичкиот поздрав, при отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград преку активисти од неговата партија испрати порака на мост истакнувајќи транспарент „Македонија е бугарска“ испишана на бугарски јазик.

Активистите на Црвена Младина, огранок на политичката партија Левица, го отстранија навредливиот транспарент, очигледно поставен за провокација.

Сега во Скопје стигна одговорот за Џамбазки кој го испратија активисти на Црвена младина на еден од градските мостови порачувајќи дека „ни Пиринска не е ваша, а не па Вардарска“.

„После отстранувањето на транспарентот во Благоевград од активисти на Црвена Младина на кој пишуваше 'Македонија е бугарска', денес нашите активисти испратија контра одговор до бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки и неговите активисти.
'Ни Пиринска не е ваша, а не па Вардарска'“, стои во одговорот на Црвена младина.

реклама

Македонија

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Read more

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Read more

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Read more

Денеска дожд, од утре сонце

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе