Кошарка
НБА 2019/20

Далас му даде 142 поена на Голден Стејт, Клиперс победи на продолженија

21. ноември 2019 - 8:57 | Ф.З.

Тежок пораз за Голден Стејт кој прими скоро 150 поени во Далас и остана закован на последното место во Западот. ЛА Клиперс и Бостон победникот го решија на продолженија.

Далас Маверикс предводен од Лука Дончиќ буквално го здроби шампионот од 2018. Словенецот прослави трипл-дабл запишувајќи 35 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Кај Вориос само Ерик Пескол успеа да ја надмине границата од 20 поени запишувајќи 22.

За Голден Стејт ова е тринаесеттиот пораз сезонава со што останува закован на дното во Западната конференција, додека за Далас ова е трета победа во серија и го однесе до петтото место.

Од останатите натпревари кои се играа ноќеска најнеизвесно беше во Лос Анџелес каде Клиперс и Селтикс мораа победникот да го решат по продолженија. Џејсон Тејтум беше најпродуктивен со 30 поени иако неговиот тим загуби. Лу Вилијамс со 27 и Пол Џорџ со 22 беа најефиксни кај домаќините.

Резултати:
Филаделфија 76-ерс – Њујорк Никс 109:104
Вашингтон Визардс – Сан Антонио Спарс 138:132
Атланта Хокс – Милвоки Бакс 127:135
Бруклин Нетс – Шарлот Хорнетс 101:91
Далас Маверикс – Голден Стејт Вориорс 142:94
Мајами Хит – Кливленд Кавалирс 124:100
Торонто Репторс – Орландо Меџик 113:97
Чикаго Булс – Детроит Пистонс 109:89
Минесота Тимбервулвс – Јута Џез 95:103
Денвер Нагетс – Хјустон Рокетс 105:95
Лос Анџелес Клиперс – Бостон Селтикс 107:104

Коментирај