Дали астероидот Бену ќе ја погоди Земјата?

Веројатноста астероидот Бену да ја погоди Земјата до 2300 година е малку повисока отколку што претходно мислевме.

Но, сѐ уште не треба да градите засолниште или да истражувате како да преживеете удар на астероид. Според новите пресметки базирани на податоците собрани од вселенското летало НАСА OSIRIS-REx, кое се приближи до Бену и собра примероци од него, веројатноста астероидот да се судри со Земјата во тој период е само 0,057 проценти.

Датумот што треба да нѐ загрижи најмногу доаѓа за повеќе од 150 години. Имено, на 24 септември 2182 година, ќе има 0,037 проценти шанса Бенну да ја погоди нашата планета.

Remote video URL

Најопасниот познат астероид

„Податоците од OSIRIS-REx ни дадоа многу поточни информации и сега можеме да ја пресметаме идната траекторија на Бену до многу висок степен на сигурност до 2135 година. Никогаш порано не сме одредувале траекторија на астероид на ова ниво на прецизност“, вели инженерот Давиде Фарнокја од НАСА.

Заедно со астероидот 1950 DA, Бену се рангира меѓу најопасните познати астероиди во Сончевиот Систем. Поради својата орбита околу Сонцето, која трае 1,2 години, во следните неколку векови постојано ќе се приближува до Земјата до тој степен што постои мала можност за судир, пишува Science Alert.

OSIRIS-REx е едно од ретките вселенски летала што некогаш посетиле астероид. Две и пол години кружеше околу Бену, собирајќи значајни податоци. Благодарение на оваа мисија, сега знаеме многу повеќе за неговата големина, форма и состав. Астероидот е порозен конгломерат од карпи што се акумулирале поради влијанието на гравитацијата. Неговиот дијаметар во просек е околу 490 метри.

Ефектот Јарковски

За време на мисијата, вселенското летало направи и детални мерења на траекторијата на астероидот, што им овозможи на астрономите да анализираат фактор познат како Ефектот Јарковски, што може да влијае на неговата орбита.

Имено, кога сончевата топлина ја загрева страната на астероидот свртена кон Сонцето, таа складирана топлина за време на траекторијата на астероидот продолжува да се ослободува како топлинско зрачење, создавајќи многу, многу мала количина на потисок.

„Ефектот Јарковски делува на астероиди од сите големини и благодарение на вселенското летало OSIRIS-REx, успеавме детално да го измериме во случајот на Бену“, рече астрономот Стив Чесли од Лабораторискиот институт на НАСА за млазен погон.

„Влијанието на овој ефект врз Бену е еднаков на тежината на три зрна грозје што постојано дејствуваат на астероидот. Да, тоа е мало влијание, но доволно важно што мора да се земе предвид при одредување на веројатноста за удар на Земјата во следната деценија или век“ додаде тој.

Покрај Ефектот Јарковски, експертите го зедоа предвид гравитационото влијание на Сонцето, другите планети и нивните месечини, други астероиди, сончев ветер, прашина од вселената и слично при пресметување на веројатноста за судир со Земјата.

Тие сфатија дека севкупната шанса астероидот да ја погоди Земјата е малку поголема отколку што мислевме пред да ги добиеме податоците од OSIRIS REx. Сепак, тоа е многу мала веројатност, помалку од 0,1%.

Студија наречена Ephemeris and hazard assessment for near-Earth asteroid (101955) Bennu based on OSIRIS-REx data, беше објавена во списанието Icarus.

реклама

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе