Дали би се вакцинирале против корона? Еве како се изјаснија Хрватите

Светлото на крајот од тунелот наречен пандемија со COVID-19 е вакцина за целиот свет, а во Хрватска беше спроведено истражување за тоа колку граѓани би се вакцинирале против коронавирусот SARS-CoV-2.

Одговорот нема да им се допадне на оние што се залагаат за вакцинација, бидејќи мнозинството сепак е против. Резултатите се следни: 13 проценти од испитаниците сигурно ќе се вакцинираат, а 30 проценти веројатно ќе го сторат тоа.

36 проценти се изјасниле дека најверојатно нема да се вакцинираат, а 21% од испитаниците се сигурни дека ќе го заобиколат првиот бран вакцинирање.

Кога ќе се соберат сите овие податоци собрани од 12 до 15 октомври, 57% од граѓаните нема да се вакцинираат.

Малцинство се оние кои се согласуваат на новата вакцина, а повеќето од причините се следниве.

На прво место е одговорноста кон другите сограѓани и фактот дека повисоката вакцинација ја потиснува инфекцијата - така мислат повеќе од половина од приврзаниците на вакцинацијата. Голем број од нив би го сториле тоа како мерка на претпазливост. Граѓаните ја избираат вакцината и затоа што не би сакале да ги заразат постарите или ризичните членови на семејството. Една четвртина ќе се вакцинираат затоа што се постари и затоа што тоа е препорака на медицинските професионалци.

Повеќето не сакаат да се вакцинираат - а она што најмногу ги загрижува и зошто одбиваат вакцинација е што не веруваат во новата вакцина сѐ додека не се покаже дека е безбедна, а има и голем број на оние кои се плашат од несакани ефекти.

Секој трет противник на вакцинацијата смета дека вакцините се генерално небезбедни и можат да имаат долгорочни здравствени последици. Еднаков број се убедени дека не спаѓаат во ризична група. Една четвртина од противниците на вакцинацијата тврдат дека вирусот постојано мутира и дека вакцинацијата нема да ги заштити.

Големината на примерокот е 523 испитаници, статистичката грешка е 4,3 проценти.

Сè уште не е познато кога вакцината ќе пристигне во Хрватска. Она што е познато е дека вакцинацијата ќе биде доброволна и бесплатна за приоритетните групи, како што се здравствените работници, потоа хроничните и онколошките пациенти, а после тоа ќе започне вакцинацијата на општата популација.

Дали Вие би се вакцинирале против коронавирусот?

Продолжете да читате: Ова се цените на вакцините против COVID-19

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе