Дали е ова најопасниот пат на светот?
Патиштата лоцирани на западната страна на Хималаите спаѓаат во групата на најопасни во светот.
Видеото кое го објавил британски турист покажува и зошто.
Клипот прикажува комбе со туристи, кое се движи екстремно по најтесниот дел на патеката, која притоа изгледа како да може да се сруши во секој момент.
“Ова е апсолутно најлудиот пат кој некогаш сум го поминал“, вели тој.