Дали луѓето со висок крвен притисок треба да пијат кафе?

„Кафето содржи антиоксиданси и биоактивни соединенија кои можат да бидат одговорни за ефектот на намалување на крвниот притисок“, велат експертите.

Една нова студија објавена во списанието Nutrients покажува дека пиењето три или повеќе шолји кафе дневно е поврзано со понизок крвен притисок.

Авторите забележуваат во нивниот извештај дека сè уште се дебатира за ефектите на кафето врз крвниот притисок, првенствено затоа што е познато дека содржината на кофеин во кафето го зголемува крвниот притисок на краток рок.

Сепак, овие ефекти може да се ублажат со антиоксидансите кои се наоѓаат во кафето, кои можат да помогнат во проширување на крвните садови и заштита на клетките од слободните радикали.

Главниот автор на студијата, д-р Ариго Ф.Г. Цицеро, вонреден професор на Катедрата за медицински и хируршки науки на Универзитетот во Болоња, и неговиот тим сакале да истражат како интеракцијата помеѓу кофеинот и другите соединенија пронајдени во кафето ќе влијае на појавата на крвниот притисок.

За да ја спроведе својата студија, тимот на Цицеро анкетираше примерок од 720 мажи и 783 жени.

Инаку, оваа студија наречена Brisighella Heart Study, првпат започна во 1972 година, а сè уште е во тек, а опфаќа случаен примерок во истоимениот рурален град во северна Италија.

Истражувачите го разгледале крвниот притисок и навиките за пиење кафе на учесниците, како и други податоци релевантни за кардиоваскуларното здравје.

Откако ги анализирале податоците, откриле дека консумацијата на кафе е поврзана со намален крвен притисок.

Исто така, Меган К. Роудс, д-р и постдокторски соработник на Одделот за нефрологија на Универзитетот во Алабама во Бирмингем, рече дека постојат неколку механизми со кои консумирањето кафе може да го намали крвниот притисок, од кои некои се докажани во студии на животни.

„Кафето содржи кофеин, кој може да го подигне и намали крвниот притисок во акутни ситуации, но содржи и антиоксиданси и биоактивни соединенија кои можат да бидат одговорни за ефектот на намалување на крвниот притисок“, објасни таа.

Д-р Дебабрата Мукерџи, претседател на Катедрата за интерна медицина и професор по интерна медицина во Texas Tech Health Sciences Center El Paso, објасни:

„Иако кофеинот може да го зголеми нивото на крвниот притисок (особено кај оние кои не пијат кафе), количината на други биоактивни соединенија во кафето го балансира овој ефект со финален неутрален до позитивен ефект врз крвниот притисок“.

Дали луѓето со висок крвен притисок треба да пијат кафе?

Д-р Џим Лиу, кардиолог од Медицинскиот центар Векснер на Државниот универзитет во Охајо, рече дека иако оваа студија е мала и фокусирана на одредена популација, нејзините наоди се во согласност со претходното знаење за тоа како кафето влијае на крвниот притисок.

„Кафето може акутно да го зголеми крвниот притисок по консумирањето, но всушност нема постојани докази кои покажуваат дека умереното конзумирање кафе води до долгорочни проблеми со висок крвен притисок или срцеви заболувања воопшто“, истакна тој.

„За хипертензивните пациенти кои консумираат умерено количество кафе, оваа студија дава уште поохрабрувачки податоци дека е во ред да се продолжи со пиење умерени количини кафе и дека тоа нема негативно да влијае на крвниот притисок. Ако ништо друго, умереното консумирање кафе може да помогне со крвниот притисок“, рече Лиу.

Мукерџи додаде дека и покрај наодите, пиењето кафе не се препорачува за луѓе со постоечка тешка хипертензија.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more
 

Магазин

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе