Ferrari на саемот на автомобили во Женева претстави модел за кој многумина сметаат дека е најдобар на светот.
Во прашање е Ferrari 488 Pista, унапреден модел од базичната верзија 488, а инспириран од успешните тркачки варијанти GTE и Challenge.
Pista има 3.9 литарски твин-турбо V8 мотор со 711 коњски сили. Полесен е за 90 килограми со 20 пороценти подобра аеродинамичка ефикасност и 49 коњски сили повеќе од стандардниот 488.
Од 0 до 100 забрзува за 2,85 секунди, а од 0 до 200 за 7,6 секунди.
Максималната брзина на овој суперавтомобил изнесува 340 километри на час.
Погонскиот агрегат е значително унапреден во однос на тркачката верзија 488 Challange.