Дали Русија навистина може да се исклучи од интернет?

Инвазијата на Украина предизвика значителни дигитални промени за Русија. Санкциите наметнати од националните влади ширум светот, заедно со затворањето на многу компании, значително ја погодија оваа земја.

Бројни настани ја пренесоа инвазијата на дигиталниот свет, при што сајбер-криминалците заземаат страна, а Украина мобилизираше ИТ армија од цивили, пишува The Conversation.

Повеќе од 85 отсто од Русите користат интернет. Може ли целосно да се исклучи?

Санкциите наметнати на Русија не само што директно се одразија на нејзината економија (а со тоа и на глобалната економија), туку сега го загрозуваат и пристапот на руските граѓани до интернет.

Се очекува Русија многу брзо да ја ограничи својата зависност од глобалниот интернет. Во руските медиуми дури беше најавено дека ќе биде исклучен на 11 март, но тоа не се случи. Иако целосното исклучување сè уште не е потврдено, дури и делумното исклучување би било тешка задача. А последиците од растечката дигитална изолација на Русија за нејзините граѓани ќе бидат огромни.

Повеќе од 85 отсто од Русите користат интернет. Откако започна инвазијата на Украина, луѓето во Русија сè повеќе се лишуваат од интернет сервиси како што се Facebook, Twitter, па дури и Netflix.

Русите веќе воведоа дигитален јаз кон остатокот од светот

Русија го ограничува пристапот до некои веб-страници, додека други даватели на услуги се повлекуваат од рускиот пазар. Се повлекоа и големи финансиски куќи, вклучувајќи ги Apple Pay, Google Pay и повеќето големи издавачи на кредитни картички, што значително влијаеше на е-трговијата.

Самата Русија, исто така, воведе дигитален јаз кон остатокот од светот, и покрај фактот што може дополнително да ја осакати нејзината економија. Русија долго време ги контролира државните медиуми, но толерира ниво на слободен пристап до содржините и услугите преку интернет. Иако таквите слободи постепено се намалуваа, граѓаните сепак можеа да останат поврзани со пошироката мрежа.

Ракар: Не гледам како е технички изводливо Русите да бидат исклучени

Во хрватската емисија Index Studio вчера гостуваше информатичкиот експерт Марко Ракар. На прашањето дали навистина е можно Русија да се исклучи од интернет, тој одговори:

„Не гледам како тоа е технички изводливо. Интернетот е толку сложена комуникациска мрежа што дури и ако Русија се исклучи од интернет, дали руската држава наведува кој поседува каква било интернет-врска? Дали сите ќе го исклучат интернетот? Тоа е прашањето.

Да речеме дека е технички изводливо да се исклучи интернетот во Русија, милиони компјутери не можат да пристапат до нивните надградби, безбедносни patch-ови, целата таа опрема останува незаштитена...“, рече Ракар.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе