Дали руското злато ќе го спаси Путин од финансиски колапс?

ЕУ и САД се обединија во казнувањето на Русија за инвазијата на Украина. Според достапните информации, руската армија наишла на многу посилен отпор отколку што било очекувано. Ниту еден голем град сè уште не е окупиран, а армијата го изгуби залетот.

Покрај конвенционалната војна, се одвива и економска, во која може да учествуваат ЕУ и САД, за разлика од војната на терен. Наметнати се санкции за рускиот финансиски сектор и олигарсите и тие ќе бидат исфрлени од глобалниот финансиски комуникациски систем. Цели се и транспортниот и енергетскиот сектор, а се отежна и набавката на електронска опрема. Особено ќе „доболи“ отежнувањето на набавката на делови за одржување на постројките за нафта и гас, од кои Русија зависи дури и во најдобри времиња.

Кој воведе санкции кон Русија?

Покрај ЕУ и САД, санкции беа воведени или најавени од Австралија, Нов Зеланд, Тајван, Обединетото Кралство, Јапонија, Јужна Кореја и Сингапур.

Јапонија ќе воведе серија санкции против руски финансиски институции, воени организации и поединци, објави во петокот премиерот Фумио Кишида. Мерките вклучуваат замрзнување на имотот на одредени руски поединци и финансиски институции со забрана за извоз во руски воени организации.

Австралија воведе санкции за руските олигарси и 300 пратеници во рускиот парламент Дума, а најавено е и проширување на санкциите и за Белорусија. Нов Зеланд го забранува извозот во војската и во воените организации. Тајван сè уште не прецизирал какви санкции ќе воведе од негова страна, но се шпекулира дека како еден од најголемите производители на чипови би можел да се фокусира на тој сегмент.

Јужна Кореја забрани извоз на електроника, чипови, компјутери, опрема за комуникации и навигација, воздушна опрема и сензори и ласери. ЕУ ќе добие помош и од Јужна Кореја, бидејќи земјата најави продажба на стратешки нафтени резерви и нафта и гас набавени преку LNG, што ќе помогне да се стабилизира цената на овие суровини во ЕУ.

Како важен финансиски центар, Сингапур се приклучи на финансиските санкции и ќе ја ограничи трговијата со производи кои можат да се користат како оружје за војната во Украина.

Иако е премногу рано да се процени вистинското влијание на санкциите врз руската економија, особено што многу од нив штотуку беа објавени и не можеа да имаат влијание, очекувањата на финансискиот и трговскиот сектор веќе силно ја погодија руската економија. Националната валута губи вредност, берзата паѓа, девизните резерви се замрзнати, луѓето чекаат во редици пред банкоматите и банките за да подигнат рубљи и да ги заменат за долари или евра. Единственото нешто што може да ја спаси Русија е златото.

Колапсот на националната валута

Руската национална валута рубља изгуби над 30% од својата вредност. На почетокот на годината курсот на рубљата беше околу 75 рубљи за еден долар, а сегашниот курс е околу 100 рубли за еден долар. Повеќето падови се случија во последните неколку часа. А тоа е само реакција на најавата за финансиски санкции.

Руската централна банка купи милијарди рубљи за да го стабилизира девизниот курс, но и тоа не беше доволно за да се спречи ненадејно губење на вредноста. Референтната каматна стапка е повеќе од двојно зголемена.

Подигнувањето на референтната каматна стапка од 9,5% на 20% е реакцијата на Централната банка на Русија на остриот пад на вредноста на националната валута. Таа ги советуваше и извозните компании што поскоро да продаваат странски валути поради поевтинувањето на рубљата.

Одлуката беше донесена на итен состанок во понеделникот наутро пред почетокот на тргувањето, но не успеа да го спречи падот на рубљата по отворањето на пазарот. Централната банка соопшти дека „ќе ја поддржи финансиската и ценовната стабилност и ќе ги заштити заштедите на граѓаните од депрецијација (амортизација).

Во избезуменото тргување што следеше по отворањето на пазарот, рубљата падна на повеќе од 100 за долар. Русите започнаа т.н „стампедо на банките“, брзајќи да подигнеат пари од сметките од страв дека тоа ќе ги ограничи парите што може да се земат во банките или дури ќе дојде до колапс на рускиот банкарски сектор. Редиците пред банкоматите и филијалите на банките низ Русија се сè подолги.

Централната банка на Русија се обидува да ја спаси стабилноста на финансискиот систем на земјата

40% од 630 милијарди меѓународни резерви се замрзнати, а големите руски банки се исклучени од SWIFT, меѓународниот систем за комуникација во финансискиот сектор преку кој се одвива најголемиот дел од светскиот трансфер на пари меѓу финансиските институции.

Руското Министерство за финансии соопшти дека ќе им нареди на компаниите да продаваат најмалку 80% од својата девизна заработка на домашниот пазар, принудувајќи ги да купуваат рубљи, создавајќи побарувачка за националната валута и запирајќи го нејзиниот пад.

Ова е еден од очајните потези на Централната банка на Русија, бидејќи поради замрзнувањето на девизните резерви, нејзината интервенција на пазарот беше строго ограничена со цел да се запре падот на курсот на рубљата. Стандардна политика би била Централната банка на Русија да продава девизи на рускиот пазар, со што ќе се создаде побарувачка за националната валута во рубли и ќе се стабилизира девизниот курс. Но, поради замрзнатите девизни резерви, тоа не може да го направи ефикасно, принудувајќи ги извозните компании да продаваат девизи и наместо тоа да купуваат рубли.

Тргувањето на берзата беше прекинато истиот ден кога Русија ја нападна Украина, во утринските часови во вторник, а истото го направи и берзата во Санкт Петербург.

Московската берза падна за 30% по повторното отворање, од берзанскиот индекс од 3.000 на 2.000 поени (во моментов на околу 2.500), додека MSCI берзанскиот индекс на руските компании со кои се тргува во Лондон и Њујорк падна за 45%. Дури и за странци е забрането да продаваат акции.

Златото е единствениот спас

Меѓутоа, Русија има и 2.300 тони златни резерви. Според количината на златни резерви, Русија е петта земја во светот, зад САД (8133 тони), Германија (3359 тони), Италија (2452 тони) и Франција (2436 тони). Уште од 2014 година, кога имаше 1000 тони злато, почна забрзано да ги зголемува резервите на злато. Централната банка на Русија најави дека ќе продолжи да купува злато на домашниот пазар. Ако нешто ја спаси Русија од финансиски колапс, тоа ќе биде злато.

Сепак, ова е само почеток на санкциите и само реакција на најавите. Директните ефекти сè уште не се почувствувани. Во овој случај, Кина не може да ја спаси Русија затоа што нема развиен финансиски пазар како Западот, а се бори и со проблеми на пазарот на недвижности и за ставање ред на т.н. „банкарство во сенка“. Кога санкциите ќе го земат својот данок, прашање е дали златото ќе биде доволно за да ја спаси Русија од финансиски колапс.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе