Настанот ќе го води лично Томас Шефер, првиот човек на Volkswagen.

Судејќи според најавата, на 15 март ќе се случи голем настан за Volkswagen, но и за автомобилската индустрија воопшто, а со тоа и за сите корисници на автомобили.
И додека се мислеше дека тоа ќе биде уште една конференција на која ќе биде претставен некој концепт, сега Volkswagen најавува важна вест. Томас Шефер во најавата најави електричен новитет, како и целосно нов дизајнерски израз на брендот.
„Во последните месеци неуморно работевме на нашиот бренд и производи. Ќе претставиме автомобил кој не само што дава посебен преглед на новиот електричен модел на брендот Volkswagen, туку претставува и нов дизајнерски јазик за нашите идни модели“, рече Шефер и појасни: „Заедно со Имелда Лабе, членка на одборот за продажба и маркетинг, Каи Гриниц, член на одборот за технички развој, и Андреас Минд, шеф на дизајн, ви покажуваме како ќе го позиционираме Volkswagen во годините што доаѓаат“.
Се претпоставува дека се работи за нов влезен модел, ID.2, кој според претходните најави би можел да го носи името ID.Golf. Во секој случај, тоа треба да биде новиот најевтин електричен модел на компанијата, кој иако е поголем, некако ќе го замени e-up! Се претпоставува дека ќе ја користи платформата MEB+ и за разлика од претходните модели од семејството ID, ќе има погон на предните тркала.
Моделите на платформата MEB+ можат да користат LFP батерии, што значи опсег до 700 км со моќност на полнење до 200 kW. Овде да очекуваме значително поскудни можности. Сепак, станува збор за модел кој треба драстично да ја намали цената на почетниот електричен модел кој сега чини околу 44.000 евра. Се шпекулира за цени од 25.000 евра.