Даночната управа на Шпанија ја тужи Шакира за долг од над шест милиони евра

Шпанските даночни службеници ја обвинуваат Шакира за затајување данок во вредност од над шест милиони евра.

Како што пренесуваат странските медиуми, Шакира должи околу 6,7 милиони евра данок на нејзиниот приход во 2018 година. Шакира наводно користела офшор компанија со седиште во друга земја за да избегне плаќање данок.

Инаку, ова е второ обвинение против поп-ѕвездата, а таа веќе треба да оди на судење во Барселона на 20 ноември во посебен случај кој зависи од тоа каде живеела во периодот од 2012 до 2014 година. Во тој случај, обвинителите тврдат дека таа не платила 14,5 милиони евра данок.

Обвинителите во Барселона изјавија дека таа требало да плати за нејзиниот престој во Шпанија, иако нејзината официјална резиденција во тоа време била на Бахамите.

По разгледувањето на доказите собрани во изминатите два месеци, обвинителите одлучија да поднесат обвиненија. Пејачката беше известена на адреса во Мајами, но датумот на судење уште не е одреден.

Медиумите стапија во контакт со претставниците на Шакира, но тие сè уште не одговориле.

Потсетуваме, Шакира живееше во Барселона до април оваа година, кога по раскинувањето со Џерард Пике се врати во Мајами.

Тагови
реклама

Музика

Израел сепак ќе учествува на Евровизија 2026 - Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија ќе бојкотираат

Read more

Магијата на скопскиот Театар на сенки во новиот спот на Дарко Рундек

Read more

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Read more

Нела Манческа со песната Miracle ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Read more
 

Сцена

Netflix го купува HBO Max

Читај повеќе

Се омажи Ким Катрал, ѕвездата на Sex and the City

Читај повеќе

Израел сепак ќе учествува на Евровизија 2026 - Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија ќе бојкотираат

Читај повеќе

Netflix укинува уште една корисна функција, корисниците разочарани

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix го објави трејлерот за петтата сезона на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сидни Свини блесна во облека што зрачи со винтиџ холивудски гламур

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски од декември во Кинотека

Читај повеќе
26 ноември 1942, премиерата на филмскиот класик „Casablanca“

26 ноември 1942, премиерата на филмскиот класик „Casablanca“

Читај повеќе