Џаред Лето ќе го глуми Енди Ворхол

Актерот и музичар Џаред Лето откри дека ќе ја игра улогата на Енди Ворхол во нов филм за уметникот.

Контроверзниот Лето ја сподели веста преку профилот на Instagram.

„Да, точно е, ќе го играм Ворхол. Многу сум благодарен и возбуден за оваа прилика што ми е дадена“, напиша тој.

Лето потсети дека на 6 август му беше роденден на светски познатиот уметник и додаде дека „ни недостига и тој, и неговиот генијален ум“.

Ова е единствената информација за филмот позната досега.

На почетокот на април Лето ја шокираше јавноста со изјавата дека бил на медитација две недели без средства за комуникација и дека поради тоа немал поим дека во светот се шири пандемијата на коронавирус.

Енди Ворхол (1928-1987) бил американски сликар, режисер, издавач и водечка фигура во поп арт движењето. Во текот на 70-тите и 80-тите години на 20. век, Ворхол е главно познат по неговите масовно произведувани портрети на поп икони како Елвис Присли, Мерилин Монро, Мао Це Тунг и др. Во истиот период тој издава и 3 книги, од кои најпозната е „Филозофијата на Енди Ворхол: од А до Б и назад.“

реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе