Дебакл на новиот филм на Кевин Спејси – заработи само 126 долари

Новиот филм на Кевин Спејси не успеа да привлече публика. Во првиот викенд од прикажувањето заработи 126 долари на киноблагајните.

Да, убаво прочитавте, не 126 илјади долари, туку 126 долари.

Премиерата на новиот филм на Спејси „Billionaire Boys Club“  ја плати цената на обвинувањата за сексуално вознемирување поднесени против актерот и со ова се чини се запечатува кариерата на една од најславните холивудски легенди.

 Дебаклот се чини беше и неизбежен, со оглед на тоа дека Спејси беше отфрлен од холивудската заедница кога се појавија обвинувањата, иако филмот беше снимен пред скандалот.

„Се надеваме дека обвинувањата за однесувањето на еден актер, за кои не се знаеше додека се снимаше филмот, нема да му пречат на филмот. Меѓутоа, одлуката да го пуштиме филмот не беше лесна“, соопшти дистрибутерот.

„Billionaire Boys Club“ е сниман по вистинска приказна група момчиња кои во 80-тите основале клуб со една цел – набрзина да се збогатат со измами.

Спејси го игра Рон Левин, хомосексуалец кој бил убиен откако измамил многу луѓе. Телото никогаш не му било најдено и постои сомневање дека можеби уште е жив.

Филмот е во режија на Џејмс Кокс, а покрај Спејси, улогите ги играат Енсел Елгорт, Терон Еџертон, Ема Робертс, Суки Вотерхаус и други.

Спејси беше исфрлен од веќе снимениот филм „All The Money In The World“, а беше откажан и неговиот лик во популарната серија „House of Cards“ поради обвинувањата за сексуално вознемирување.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе