Децата кои минуваат повеќе време во природа, имаат посилен имунитет

Децата кои почесто си играат во природа и на зелени површини, имаат посилен имунитет, покажуваат нови истражувања.

Научниците веруваат дека тоа се случува затоа што на нивната кожа и во системот за варење се развиваат микроби различни од оние кај деца кои минуваат помалку време или воопшто не си играат на зелени површини, на пр., во шума и слично. Така, во западниот свет, сѐ поголем е бројот деца кои имаат автоимуни заболувања, како што се астма, дијабетес тип 1, воспаленија на цревата и мултиплекс склероза. Се претпоставува дека главната причина за ова е тоа што децата се сѐ помалку изложени на микроби, што порано не беше случај. Последицата е – недоволен развој на имунитетот.

– Кога ги видовме резултатите, бевме изненадени од тоа колку им е зајакнат имунитетот. Нашето истражување може да помогне во осмислување превентивни мерки за намалување на епидемија на имунолошки заболувања, смета д-р Аки Синконен од финскиот Институт за природни извори, кој ги предводеше истражувањата.

И претходни испитувања покажаа поврзаност меѓу изложеноста на микроби и развој на имунитетот. Истражувачите сега само потврдуваат дека е можно подобрување на имунолошкиот систем на децата ако се промени животната околина на децата од урбаните средини.

Новото истражување опфати 75 деца во два града во Финска, што е релативно мал број. Тоа е објавено во списанието Science Advances.

Д-р Грејм Рук од Колеџ универзитетот во Лондон смета дека ова и сличните истражувања се залог за иднината и имаат огромна важност за децата, нивниот имунитет и тоа како престојот в природа влијае врз сѐ ова.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Читај повеќе