Вчера Фенербахче го победи Карагумрук со 2:1 и дојде на првото место на табелата во турската Суперлига.
Тимот во кој настапува босанскиот фудбалер Един Џеко сега има 85 бодови, додека Галата која вечерва во 32.коло ја очекуваат пресметка со Аланијаспор е втора со бод помалку.
„Дијамантот“ постигна гол за Фенербахче на овој натпревар, а на социјалните мрежи кружи видео кое најдобро ја опишува важноста на Џеко за неговиот тим, откако за девет секунди претрча од противничкиот до сопствениот гол.
„Со 38 години зад себе и финалето од Лигата на шампионите што го играше минатата година и со сите освоени трофеи во кариерата, тој е идол во својата земја. Зошто е таков играч? Ова видео е одговорот на тие прашања“, стои во објавата не еден обожавател на X (Twitter) во која се додава:
„На оваа возраст тој сè уште е гладен за успех, што го покажува во ова видео кога стопроцентно се враќа во одбраната за да им помогне на своите соиграчи. Еден е Един Џеко“.
Џеко оваа сезона одигра 40 натпревари за Фенербахче во сите натпреварувања и постигна 24 гола со осум асистенции.