КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Џеко за петардата од Португалија: Како почна, на крајот и добро поминавме

Репрезентација на Босна и Херцеговина синоќа претрпе тежок и убедлив пораз од Португалија, која сосема заслужено победи со 5:0. Срамот можеше да биде многу поголем бидејќи тој резултат беше активен по само 45 минути.

Говорејќи за BHT1, капитенот Един Џеко го коментираше тешкиот пораз изјавувајќи дека дури и добро поминале со оглед на тоа што Португалија петте гола ги постигна во првото полувреме, па имаше уште 45 минути да ја продолжи голеадата, но не успеа.

„Дојдовме во таква ситуација што ни требаше победа вечерва против противник како Португалија. Натпреварот против Лихтенштајн нѐ измами. Кога ќе примите гол во 3. минута, нозете почнуваат да ви се тресат. Прелесно примивме голови поради индивидуални грешки. Не можеме повеќе вака. Како почна, на крајот добро заврши. Овој натпревар може да му помогне на селекторот да види што и како во иднина. Не е добро да се игра отворено против вакви тимови, едноставно не сме имк дораснати“, рече Џеко, на чие лице можеше да се види големо разочарување.

На Босна и Херцеговина синоќа ѝ требаше победа за да остане во игра за пласман на ЕУРО 2024, но наместо доа доживеа понижување пред сопствената публика. Сепак, Босанците преку Лигата на нации имаат обезбедено бараж, па така, пласман на завршницата во Германија ќе бараат во март идната година.

„Никогаш не е лесно кога се губи. Единствениот пат што ни остана е преку баражот. Во другите два натпревара треба да видиме на кого може да се смета. Претпоставувам дека во тој бараж сите ќе бидеме комплетни и ќе се обидеме да се квалификуваме на ЕУРО“, додаде Џеко.

До крајот на квалификациите Босна и Херцеговина има уште два натпревара. Прво на 16 ноември ќе му гостува на Луксембург, а три дена подоцна ќе ја нагости Словачка.

Инаку, синоќа Португалците поведоа по само 5 минути игра откако турскиот судија Халил Умут Мелер досуди крајно контроверзен пенал за играње со рака. Кристијано Роналдо успеашно го реализираше, а потоа во 20. минута на асистенција на Жуау Феликс го дуплираше водството. Пет минути подоцна Бруну Фернандеш зголеми на 0:3, во 32. минута Фернандеш му намести на Жуау Канселу за 0:4, а петардата пукна во 41. минута кога Отавиу го послужи Жуау Феликс.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе