Демонстрации во Атина, обид за упад во грчкиот Парламент

Иако беше најавен како историски, договорот за името изгледа нема да биде усвоен лесно ни во Македонија, ни во Грција. По протестите во Скопје, денеска има протести во Атина.

За време на денешниот протест пред грчкиот Парламент се случи помал инцидент во кој неколку учесници се обидоа да влезат во зградата на собранието каде е во тек расправата за гласање доверба на владата, токму поради договорот со Македонија.

Седницата беше закажана на барање на опозицијата поради договорот што пред неколку дена го постигнаа македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Полицијата успеа да ги спречи демонстрантите со моторџиски кациги на главите, во обидот да влезат во Парламентот.

Дел од демонстрантите останале на влезните скали, а други кај Споменикот на незнаен јунак поставен пред Собранието, мавтајќи со грчки знамиња.

Порталот „Катимерини“ објави дека демонстрантите извикуваат слогани во кои ја обвинуваат актуелната влада на Ципрас за предавничко однесување. Порталот додава дека бројот на учесници во протестите е далеку помал во споредба со оние што беа организирани претходно годинава со ист повод.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе