Денеска е првиот ден на пролетта: Зошто со години доаѓа порано?

Денеска е пролетниот еквинокс кога според астрономијата се одбележува првиот пролетен ден, или рамноденица.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Во времето на рамноденицата, двете хемисфери на Земјата подеднакво ги примаат сончевите зраци. Често се вели дека ноќта и денот се еднакви по должина. Всушност, зборот рамноденица доаѓа од латинскиот aequus (еднаков) и nox (ноќ).

Иако многумина на училиште учеа дека пролетта започнува на 21 март, последните две децении пролетта ни доаѓа на 20 март. Експертите открија дека пролетта доаѓа ден порано веќе дваесет години поради два различни методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња: метеоролошки и астрономски.

Метеоролозите го набљудуваат падот и порастот на температурата и состојбата на атмосферата, а метеоролошката сезона е координирана според календарот и секоја сезона трае три месеци. Со тој метод пролетта трае од 1 март до 31 мај.

Вториот метод се базира на астрономските годишни времиња, а се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето. Астрономскиот календар ги одредува годишните времиња според тоа кога оската на ротација на Земјата е на 23,5 степени во однос на орбитата околу Сонцето, па така во последните години пролетта ни доаѓа на 20 март.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе биде прилично сончев. Слаб до умерен ветер од северен правец, повремено засилен. Според УХМР, највисоката дневна температура на воздухот ќе биде меѓу 11 и 18 степени Целзиусови.

Пролетта го симболизира повторното раѓање на северната хемисфера на Земјата кога сè во природата се буди. Многу култури имаат пролетни фестивали, но Јапонија, Индија и Непал се издвојуваат. Доаѓањето на пролетта се слави со игра и песна, а учесниците на фестивалот си фрлаат различни бои едни на други. Фестивалите ја означуваат и победата на доброто над злото.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе