Денеска е Светски ден на книгата и авторските права

Скопје, 23 април 2019 (МИА) – Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“  денеска ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, за кој годинава светската порака ја напиша генералниот директор на УНЕСКО Одре Азуле, а националната порака – режисерот Милчо Манчевски.

Азуле во пораката ги нарекува книгите прозорци кон нашата душа и пат кон заемното почитување и соработка меѓу луѓето, независно од границите и различностите.

-Во овие турбулентни времиња книгите овозможуваат да се соедини човештвото во една фамилија, споделувајќи го минатото, историјата и културното наследство, со цел да се изгради една заедничка иднина каде што сите гласови се слушаат во еден хор со човечки здив. Книгите се наши сојузници во ширење на образованието, науката, културата и информацијата насекаде во светот. Книгите се, исто така, форма на културно изразување кое им дава живот на јазиците и се изразува преку нив. Секоја книга е создадена на посебен јазик, наменета за своите читатели. Така секоја книга е напишана, произведена, разменета, искористена во дадена лингвистичка и културна рамка, наведува Азуле.

Режисерот, писател и фотограф Милчо Манчевски, пак, во македонската порака вели не е само дека му се допаѓале книги или дека сакал книги, туку тие му требале „онака како што на птица ѝ треба воздух или на тревка ѝ треба сонце“. Вели дека книгите му помогнале да си ја поврати рамнотежата и да си го најде местото во светот.

-Знаеш, мајка ми умре четири месеци пред да тргнам на школо. Не се сеќавам на точните чувства кога разбрав дека умрела, ама мислам дека неверица и беспомошност секако беа дел од нив. Како наеднаш да ме беше понела водата и не можам да се закотвам. Ни татко ми, ни бабите и дедовците не можеа многу да помогнат, колку и да се обидуваа. Ама, имаше еден свет што ми помогна да си го најдам местото – книгите. Книги, стрипови, книги за деца, книги за возрасни, бајки, кратки раскази, митови и легенди, приказни за каубојци и индијанци, секакви книги… Со саати, денови, недели, месеци целосно исчезнував во книгите. Не само што уживав во нив, јас бев нив. Ги живеев книгите во вистинската смисла на зборот…, истакнува нашиот познат режисер по повод Светскиот ден на книгата.

Градот Шарјах во Обединетите Арапски Емирати е избран за престолнина на книгата во 2019 година, која е прогласена и за Интернационална година на автохтоните јазици, поддржана од УНЕСКО, за реафирмирање и поттикнување на меѓународната заедница да им помогне на автохтоните народи да ги сочуваат својата култура, своите знаења и своите права.

Светскиот ден на книгата и авторското право се празнува од 1995 година. Прогласен е од УНЕСКО за да им се оддаде признание на книгите и писателите, а 23 април е избран затоа што на тој датум во 1616 година починале двајца великани на книжевноста – Шекспир и Сервантес. 

реклама

Морничави остатоци од напуштени хотели низ Југославија

Read more

Пет знаци кои откриваат дека некој е на стероиди

Read more

Безбедност на велосипедистите: Кога во Скопје ќе се вози со 30 км/ч?

Read more

Објавени првите подетални вести за состојбата на Михаел Шумахер

Read more

Книги

Направете сами: Креативна полица за книги

Read more

Промоција на првиот квир роман „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски

Read more

Саем на книга 2020 на безбедна дистанца

Read more

Рецензија на Читачот за книгата „Славната инвазија на мечките на Сицилија“

Read more

Магазин

  • play_arrow

Осум знаци дека пиете премногу кафе

Читај повеќе

Како се прават 3 милиони лајкови за 12 часа? Прашајте ја Џеј Ло

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Лазања со пилешко месо

Читај повеќе

Безбедност на велосипедистите: Кога во Скопје ќе се вози со 30 км/ч?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како пандемијата ни го поремети чувството за време?

Читај повеќе

3.000 евра за милениче: Пандемијата ја зголеми побарувачката за расни кучиња

Читај повеќе

Овие хороскопски двојки не се идеални, но може да успеат

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет знаци кои откриваат дека некој е на стероиди

Читај повеќе

Објавени првите подетални вести за состојбата на Михаел Шумахер

Читај повеќе