Дени Мастерсон прогласен за виновен за силување

Актерот Дени Мастерсон, на повторното судење во Лос Анџелес, беше прогласен за виновен за силување, и се соочува со затворска казна до 30 години.

Актерот, кој го глумеше Стивен Хајд во хит-серијата „That '70s Show“, беше прогласен за виновен по две точки од обвинението.

Поротата составена од седум жени и пет мажи ја донесе пресудата по седумдневно заседавање. Нему му се заканува затворска казна до 30 години, пишува The Guardian.

47-годишниот актер наводно ставал дрога во пијалаците на жените за да може да ги силува. Обвинителите изјавија дека тој силувал три жени, вклучително и долгогодишна девојка, во својот дом во Холивуд Хилс помеѓу 2001 и 2003 година.

Поротата не можеше да донесе пресуда за силувањето на неговата долгогодишна девојка, но го прогласи за виновен за силување на преостанатите две жени.

Обвинителите тврдеа дека Дени го користел своето влијание во Скиентолошката црква, каде што сите три жени биле членови во тоа време, за со децении да избегне последици.

Актерот не сведочеше, ниту неговите адвокати повикаа сведоци. Одбраната тврдеше дека делата биле консензуални и се обиде да ги дискредитира тврдењата на жените посочувајќи промени во исказите и недоследности.

Портпаролот на Мастерсон одби да даде коментар, но неговите адвокати речиси сигурно ќе поднесат жалба.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Филм & ТВ

Времеплов: Пред 29 години се емитуваше првата епизода од култните Friends

Read more

Како изгледаше Бетмен низ годините?

Read more

Излезе трејлерот за претстојниот документарец за Бекам

Read more

Искрен трејлер за Barbie

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Времеплов: Пред 29 години се емитуваше првата епизода од култните Friends

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова песна на Шакира и нова прозивка - овој пат на сметка на свекорот: Сѐ уште не стапнал в гроб

Читај повеќе

Како изгледаше Бетмен низ годините?

Читај повеќе
  • play_arrow

Излезе трејлерот за претстојниот документарец за Бекам

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за Barbie

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледачите на Netflix се навлечени на новата крими серија

Читај повеќе
  • play_arrow

Николас Кејџ е речиси непрепознатлив во трејлерот за новиот вестерн

Читај повеќе
  • play_arrow

Во сабота по 13-ти пат фестивалот Здраво млади во МКЦ

Читај повеќе

Аријана Гранде поднесе барање за развод по само 2 години брак

Читај повеќе