УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Дербито на Марадона вечерва во ЛШ, забрефтаниот Арсенал гостува кај Порто

Последните два осминафинални натпревари од Лигата на шампионите се закажани за вечерва кога првите средби ќе ги имаат Наполи - Барселона и Порто - Арсенал.

Наполи и Барселона во натпреварот влегуваат со променливо расположение, а тоа особено се однесува на италијанскиот шампион кој е во голема криза. Во последните четири кола од Серија А освоија само 5 бода, а претходно го загубија и италијанскиот Суперкуп од Интер. Од друга страна, Барселона малку ја подигна формата по поразот од Виљареал и освои 10 бода во последните четири лигашки кола.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Диего Армандо Марадона“, кој е особено специфичен за овој натпревар, бидејќи славниот Аргентинец остави голема трага во и Наполи и во Барселона, па многумина овој натпревар го нарекуваат Дерби на Марадона.

Наполи ќе остане без услугите на Пјотр Желињски, додека Барселона не може да смета на Маркос Алонсо, Алехандро Балде, Гави и Феран Торес.

URL

Забрефтаниот Арсенал е апсолутен фаворит против Порто, а на овој натпревар влегува во одлична форма бидејќи има 5 последователни победи во Премиер лигата. Од друга страна, Порто имаше проблеми во последно време, па во февруари веќе направи два кикса против Риу Аве и Арука.

URL

Вечерва за Порто сигурно нема да играат Иван Маркано, Гонсалу Рибејру, Мехди Тареми и Заиду Сануси, а надвор од терените за Арсенал се Габриел Жесус, Томас Парти, Јуриен Тимбер, Такехиро Томијасу и Олександр Зинченко. Настапот на Фабиу Виејра е под знак прашалник.

Двата натпревара ќе се играат од 21 часот, а директен пренос ќе даваат МРТ1 од Наполи - Барселона и Arenа Premium 2 од Порто - Арсенал.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе