Дескоска: Според Уставот, избори мора да има 22 дена по завршување на вонредната состојба

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Според Уставот, изборите мора да се одржат дваесет и два дена по завршувањето на вонредната состојба, изјави синоќа министерката за правда Рената Дескоска во интервју за Канал 5, во кое ја елаборираше за владината Уредба која се однесува на изборите.

Според министерката Дескоска, изборните дејствија се веќе започнати од страна на институциите, значи се преземени чекори за подготовка на изборите – истите се паузирани поради вонредната состојба, а продолжуваат онаму каде што застанале веднаш по завршувањето на вонредната состојба.

-Уредбата беше со цел да запрат изборните дејствија коишто беа почнати во времето кога веќе се прогласи вонредна состојба. Сите се сеќавате дека имаше прва лидерска средба на која се даде задача на експертите да размислуваат и да разговаат околу можностите за прекинување на изборните дејствија. Со оглед на тоа што не се свика Собранието единствено можно правно решение за прекин на изборните дејствија е носењето на оваа уредба – што значи прекинување на тие дејствија коишто беа преземени, нивна правна валидност, а потоа по завршување на вонредната состојба тие ќе продолжат, истакна министерката Дескоска.

Таа рече дека истото е прифатено и усвоено во заклучокот на Државната изборна комисија, потпишан од претседателот Деркоски, во којшто се вели дека „по завршувањето на вонредната состојба, ДИК ќе донесе ревидиран роковник во којшто ќе бидат предвидени оние дејствија коишто не биле преземени пред прогласувањето на вонредната состојба“.

-Мојата порака е: Лидерите може да разговараат за одредени рокови или термини за избори, но тие термини мора да бидат во рамките на Уставот, со почитување на уставните одредби, бидејќи никој, ниту волјата на лидерите не смее да се стави над Уставот на нашата држава. Ако не се продолжи вонредната состојба, во тој случај изборите неминово паѓаат дваесет и два ден по завршувањето на вонредната состојба, порача Дескоска.

Според Дескоска, лидерите на политичките партии мора да бидат свесни дека во процесот на договарање на датум за избори, тие треба да ја земат предвид и волјата на претседателот да прогласи повторно вонредна состојба ако не се оди сега на избори, заради тоа што секој договор мора да биде во рамки на Уставот.

-Никој не може да се договара надвор од Уставот – од таа причина очекувам дека ќе имаат свест дека ние како држава не можеме да живееме долго време во вонредна состојба. Кога се прогласува вонредна состојба, мора да имате јасно утврдени причини за прогласување на вонредна состојба, а тоа значи да ги образложите. На крајот кога ќе заврши вонредната состојба, ние реферираме пред Советот на Европа образложувајќи ги причините зошто сме прогласиле вонредна состојба и мерките коишто се преземени. Навистина би било неодржливо во ситуација кога немате парламент, имате техничка влада, да живеете со месеци во вонредна состојба – тоа е нешто што во демократските земји е проблематично, рече Дескоска.

Потенцира дека една од главните препораки на Советот на Европа е дека во вонредна состојба треба да постои демократски надзор од страна на парламентот.

-Така што ако сакаме да зборуваме за пракса којашто постои во демократските земји – првата можност којашто ќе се отвори за организирање на избори мора да биде искористена со цел да ги вратиме во полн капацитет институтциите и да се овозможи нормално функционирање и поголеми можности за справување со кризата, истакна Дескоска.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе