Дете испадна од автомобил, мајката продолжи да вози
Објавено е видео, снимено во градот Манкато, Минесота во кое се гледа како мало дете, врзано во детско седиште, испадна од автомобил во возење. Мајката, која не забележала што се случило, продолжила да вози.
Еден возач го забележал детето среде улица и излегол да му помогне, но и да ги предупреди возачите од спротивната страна на улицата. За среќа, детето минало без повреди, а мајката подоцна се вратила по него. Според полицијата, бебето било прописно врзано, но детското седиште не било прицврстено на задното седиште на автомобилот.
Останува нејасно и како тоа задната врата на автомобилот се отворила во момент кога автомобилот свртил надесно.