Џез концерт на отворено во Сули ан: Today it’s all about jazz

Здружението на џез музичари и слободни уметници во рамките на Скопско лето ќе одржи џез концерт на отворено во Сули ан во понеделник, 13 јули, со почеток во 8 часот и 30 минути.

ЗЏМ Колективот го сочинуваат Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов - алт саксофон,  Сашко Николовски -  тромбон,  Зоран Костадиновски – гитара,  Гордан Спасовски – клавијатури,  Дарко Мучев – бас, Гоце Стевковски – тапани.

На концертот насловен Today it’s all about jazz премиерно ќе бидат изведени нови, оргинални композиции на  членовите на ЗЏМ и концертот ќе претставува вистинско освежување на македонската џез сцена, поради квалитетот на композициите, како и на инструменталистите од највисок калибар кои ќе ги изведуваат истите.

Како што ѝ е веќе познато на пошироката јавност, по многуте квалитетни концерти одржани во нашата држава и во странство во формација на биг бенд (ЗЏМ БИГ БЕНД) во изминативе години, ЗЏМ КОЛЕКТИВОТ на Скопско лето ќе настапи во комбиниран состав и на публиката ќе ѝ приреди вистинско уживање.

Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ – Скопје, e основано во април 2016 година, со единствена цел да ги обедини џез музичарите од Македонија, и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во здружението членуваат дел од најреномираните џез музичари од Македонија, студенти и професори на џез академиите во Скопје и Штип, како и слободни уметници, љубители и помагатели на овој вид уметност. Здружението работи на подобрување на музичката продукција, се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, за афирмирање и негување на џез културата во Македонија.

ВАЖНО ЗА ПУБЛИКАТА:

Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:

- носење заштитни маски

- мерење телесна температура

- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето

- дезинфекција

- влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот.

Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.

Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.

реклама

МК сцена

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе