21. МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ

[Дигитален Моден викенд Скопје] Ретро њујоршки глам во модниот коктел на Terziya

Александра Спасеска
/ 22.05.2020 / 20:22

Продолжуваме со претставување на колекциите што ги донесе 21. Моден викенд Скопје оваа сезона, во дигитално издание. Наместо на писта, следиме мода преку социјалните мрежи, а нашите дизајнери покажуваат дека има што да чекаме секој ден со нетрпение.

Инспирирана од Студио 54 и дизајнот на Халстон, брендот Terziya носи една поинаква модна приказна  од колоритните 70-ти: минималистичкиот њујоршкиот глам во целиот негов сјај.

Во еден сексапилен и возбудлив коктел, Terziya претставува колекција облека и накит со минималистички дизајн, елегантна и едноставна линија, но доволна за да ги заскокотка сетилата.

Накитот е 24- каратна позлата со жолто злато изработена во Бразил со полудраги и драги камења од проверено потекло, надополнет со кожа од питон на одредени примероци и природни кристали. Оваа колекција накит гаи посебна естетика на безвременска елеганција, истовремено носејки ги благодетите на природните камења. Начинот на изработка дозволува камењата да бидат во постојан допир со вашата кожа, со цел да го почувствувате влијанието и енергијата на каменот што сте го одбрале.

Креациите претставени во едноставна тробојна палета во која доминира кралицата на елеганцијата - црната боја - ја следат линијата на телото и зрачат со сексапил, покажувајќи дека дефинитивно „помалку значи повеќе“. Модниот коктел на Terziya е совршен за елегантни забави на покрив и ексклузивни коктел журки, па благодарение на безвременскиот шарм, ќе го најдат своето место во секоја сезона што следи.

Ваквиот формат на прикажување на колекциите оваа сезона дефинитивно му оди во прилог на брендот Terziya, овозможувајќи ѝ на модната публика внимателно и одблизу да го види мајсторски изработениот накит и да го почувствува ретро њујоршкиот шарм што колекцијата го носи. Музиката на Gloomié специјално изработена за ова видео, како и за сите други, совршено ја заокружува приказната.

Remote video URL

Шминка: Farmasi и Марија Лазарова

Фризура: Revlon Professional

Фотографија: Амел Амед

Кастинг: Виктор Цветановски

Модели: Марија Давчевска, Aндријана Илиоска @ Podium Model Agency

Во соработка со: Skopje City Mall

Поддржано од: Lenor

Дигитален партнер: A1 Македонија

Сите колекции ексклузивно ќе бидат презентирани на социјалните мрежи, со премиера на снимените видеа и фотографии во партнерство со Skopje City Mall, а тука ќе ги читате критичките видувања за нив, низ призмата на модната блогерка и заменик-уредник на Kajgana.com, Александра Спасеска.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Стил

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе