Дигитална детоксикација: Паузата од социјалните мрежи носи придобивки за психичкото здравје

Долг е списокот на познати личности кои направија долга пауза од социјалните мрежи последниве години, вклучувајќи ги Ед Ширан, Бритни Спирс, Мајли Сајрус, Селена Гомес и Џастин Бибер – сите тие беа во фаза на т.н. „дигитална детоксикација“.

Како што пишува Deutsche Welle, причините за тоа се различни – премногу коментари со омраза, премногу време пред мониторот, умор од „глумата“ на социјалните мрежи… Интернет-просторот предизвикува контроверзии и во политиката. Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, на пр., го напушти Twitter во 2019 година и оттогаш не се врати, иако некои други политичари ја користат платформата барем еднаш на еден час – за да го кажат своето мислење.

Хабек на својот блог тогаш напиша: „Twitter е агресивен како ниедна друга социјална мрежа, и ниеден друг медиум нема толку омраза, злоба и говор на омраза“. Потоа додаде: „Тоа беше една од најмудрите одлуки што ги донесов во мојот живот!“.

Според истражување на дигиталното здружение Bitkom, оваа година 10% од луѓето во Германија сакаат повторно да бидат офлајн, а околу 43% веќе го сториле тоа, за повторно да се чувствуваат подобро.

Бројни трудови ги разгледуваат последиците на Instagram, Twitter и другите социјални медиуми.

Според Универзитетот на Бат во Обединетото Кралство, дигитална пауза од само една недела ја подобрува општата благосостојба и ја намалува анксиозноста и депресијата. Фактот дека резултатите се вакви може да се потврди со истражувањата.

Други трудови, исто така, гледаат врска меѓу времето минато на интернет и депресијата. Сепак, се вели дека е тешко да се докаже што доаѓа прво. Можно е и луѓето со склоност кон депресија да ги користат социјалните мрежи почесто од другите.

Испитување на Универзитетот во Абу Даби од 2019 година, пак, ги покажува и негативните последици од дигиталната детоксикација. Некои корисници пријавиле стрес и осаменост за време на апстиненцијата од социјалните мрежи.

„Важно е сами да одлучиме колку време сме на мрежите и што правиме таму… Влијанието на социјалните мрежи секогаш зависи од личноста на корисникот“, изјави активистката Кристин Лангер.

Друг фактор за лошите влијанија е тоа што социјалните мрежи, додека едни заработуваат од сѐ тоа, други чувствуваат притисок и завист кон останатите корисници на кои наводно им оди подобро во животот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Здравје

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more
 

Магазин

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе