ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Димитриевски: Победивме со 1 лаптоп, 1 фотоапарат и голема граѓанска поддршка

Независниот кандидат и актуелен градоначалник Максим Димитриевски успеа да победи во вториот груг во Куманово против својот довчерашен сопартиец од СДСМ.

„Сакам да се заблагодарам на сите кои што успеаа денеска да се одважат и да излезат на избори, да се заблагодарам за секој еден добиен глас, тоа е обврска повеќе за сите нас да работиме уште повеќе за Куманово. Оваа кампања, како што вели еден од моите луѓе во кабинетот, успеавме да победиме со еден лаптоп, еден фотоапарат и со многу голема граѓанска поддршка“, изјави Максим по победата.

Тој првиот мандат го доби како кадар на владејачката СДСМ, но во последната година од мандатот имаше преписки со врвот на партијата по што се оддели и настапи самостојно на изборите. Сепак, неговата работата во изминатите четири години ги плени кумановци, независност на партиската определеност, па на овие избори успеа да победи иако се бореше против кандитат од својата поранешна партија.

„Неизмерно сум благодарен на сите кумановчанки и кумановчани, но и на сите граѓани на Македонија кои беа морална поддршка во оваа голема борба. Голема борба за наше Куманово, а во иднина голема борба за наша Македонија. Ние сакаме заедно со граѓаните да продолжиме да работиме за нашиот град“.

„Куманово испрати една многу силна порака, не само во Куманово, туку и во цела Македонија, а тоа е дека народот треба секогаш да биде сложен. Политичарите и политиката се менлива работа, али народот е тој којшто мора да биде на прво место, а тоа сте вие. За првпат во историја на македонскиот народ, на албанскиот, српскиот, ромскиот, влашкиот, турскиот, бошњачкиот, победува еден независен кандидат“.

„30 години се игра пинг-понг со граѓаните и народот на нашата држава. Од Куманово отпочнале големи општествени промени во минатотот и ние таа навика на нашите претци ќе ја задржиме и ќе продолжиме со граѓаните да го градиме Куманово како поубаво место за живеење и да ја вратиме демократијата во политичките субјекти и во државата“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе