При уредувањето на домот треба особено да се води грижа за тоа боите да се вклопуваат во одредена просторија за да не делуваат стресно и анксиозно додека сме помеѓу тие четири ѕидови.
Сите бои нема да изгледаат добро во вашата кујна, иако во другите простории во вашиот дом можеби делуваат совршено, вели дизјанерот на ентериер Финикс Греј.
„Како прво, иако сега во тренд е зелена боја за в кујна, мој совет е да ја избегнувате, особено оние потемните нијанси, бидејќи на кујната ѝ фрлаат сенки кои воопшто не се убави, а згора на тоа делува валкано, дури и повеќе отколку црната“, објаснува тој.
Доколку токму зелена боја ја сакате во вашата кујна, советува посветли нијанси на земјени тонови.
Друга боја што според него треба да се избегнува е црвената.
„Кујнскиот простор е замислен како простор во кој се опуштате и уживате, а црвената е страшно моќна, немирна и дефинитивно не би сакал да ја имам в кујна“, вели Греј и додаде дека ниту жолтата не е пожелна бидејќи визуелно внесува некој вид на хаос во просторот.
Четвртата боја која треба да се избегнува во кујната е сивата.
„Иако сивата би можела да биде ваша омилена кога не сте сигурни што да одберете, имајте на ум дека нема да изгледа така добро во вашата кујна како што си замислувате. Единствената работа на која ме потсетува сивата е тоа дека некој домот го превртел наопаку“, објаснува Финикс.
„И не само тоа, таа боја знае да остава ладен, непривлечен и непосакуван изглед. Можно е само да ви го расипува расположението“, додава.
„Доколку сакате неутрална боја која не е бела, мој предлог е греж. Тоа е фина мешавина на сива и бела“.
Бојата греж на палетата се наоѓа помеѓу беж и сива, оттаму и името греж од beige (беж) и grey (сива).