Ракомет

Дизингер: Само чудо може да ме задржи во Вардар

10. февруари 2020 - 19:41 | МИА

Европскиот ракометен шампион Вардар минува низ нова неизвесна сезона по која е голема дилема како наесен ќе изгледаат „црвено-црните“. Дел од играчите веќе потпишаа договори со клубови и сигурно ќе заминат од Скопје во јуни, а последен кој проговори за незавидната положба е Германецот Кристијан Дизингер.

– Минуваме низ тежок период. Добар дел од играчите речиси шест месеци немаме земено плата. Добиваме пари само за основни трошоци. Во Скопје можеби може да се живее и со 300 евра, но ние ги сакаме заработените пари. Тоа е причината што дел од играчите веќе најдоа нови клубови. Само чудо може да ме задржи во Вардар и за наредната сезона, дециден е Дизингер.

Неговиот договор со двократниот европски првак завршува на крајот на оваа сезона.

Коментирај