Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 19.918.625 лица. Од нив починале 731.717, а оздравеле 12.801.311 луѓе.

Во последните 24 часа, во Србија се потврдени 236 нови случаи на коронавирус, на основа на 6.251 тестирани примероци, а починаа уште девет лица. Според новите податоци на Министерството за здравство, бројот на пациенти на респиратори опаѓа, така што денеска има 106. Во Србија досега се заразени вкупно 28.099 лица, а 641 пациенти починаа. Од почетокот на епидемијата, тестирани се 747.324 лица.

Во Косово во последните 24 часа се потврдени 188 нови случаи на коронавирус, а починаа 12 лица, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје во Приштина. Вкупниот број заразени лица се зголеми на 10.247, а починати се 327 лица, пренесува Косово онлајн. Во моментов има 3.967 активни случаи на коронавирус во Косово.

Во Бугарија се потврдени уште 134 случаи на COVID-19, што е за 61 помалку од претходниот ден, соопшти денеска Министерството за здравство. Вкупниот број потврдени случаи на инфекција достигна 13.343, вклучително и 749 медицински работници. Уште три лица починале од коронавирусот, а вкупниот број смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 445.

Во последните 24 часа, потврдени се 233 нови случаи на инфекција со коронавирусот во Босна и Херцеговина. Според податоците на Федералниот институт за јавно здравје, во Федерацијата на БиХ, од 754 тестирани примероци, 184 се позитивни за COVID-19. Во ФБиХ, COVID-19 досега е потврден кај 8.536 лица. Во моментов, активни се 3.624 случаи на коронавирус. Во изминатите 24 часа, три смртни случаи биле пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата на БиХ. Вкупниот број смртни случаи во Федерацијата на БиХ од почетокот на пандемијата е 199.

Во Хрватска во последните 24 часа е регистриран 61 нов случај на коронавирус, од вкупно тестирани 727 лица. Во моментов има 586 активни случаи на заразени, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита. Меѓу активните случаи, 121 пациент е во болница, од кои осум се на респиратор. Денеска нема починати. Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се заразени 5.604 лица, од кои 157 починале и 4.861 оздравеле.

Во Словенија, потврдени се два нови случаи на коронавирус од 304 тестирани примероци во изминатиот ден. Во истиот период почина едно лице. Досега се потврдени вкупно 2.249 случаи на коронавирус, а починале 127 лица. Хоспитализирани се 24 лица, од кои тројца се на интензивна нега.

Во Романија во последните 24 часа се потврдени 1.145 нови случаи на коронавирус, а 41 лице почина, соопшти Кризниот штаб во земјата. Од почетокот на епидемијата во таа земја, заразени се 61.768 лица, а починале 2.700 луѓе, пренесува Аѓерпрес. До денеска, тестирани се 1.378.727 лица, од кои 13.353 во последните 24 часа.

Во последните 24 часа во Австрија повторно е регистриран трицифрен број на новозаразени – 114. Од тој број, 74 се регистрирани во Виена. Во Австрија моментно има 1.389 активни пациенти, од кои 121 се хоспитализирани, а 22 се на интензивна нега. Од почетокот на епидемијата во Австрија 21.978 лица биле тестирани позитивно за вирусот.

Во Кина се пријавени 23 нови случаи на коронавирус, што е помалку од претходниот ден, кога беа потврдени 31 случај на инфекција. Од новите инфекции, 15 биле пренесени на локално ниво, а осум случаи биле увезени, покажуваат податоците на  Националната здравствена комисија. Вкупниот број на заразени во Кина е 84.619, а бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата останал 4.634.

Најмалку 7.137 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Перу во последните 24 часа, со што вкупниот број на потврдени случаи достигна половина милион. Бројот на смртни случаи е 20.844. Перуанскиот претседател Мартин Вискара прогласи вонредна состојба кон средината на март поради епидемијата на коронавирус, која беше продолжена, а потоа беше воведен полициски час.

Индонезија соопшти за уште 1.893 случаи на COVID-19, со што вкупниот број заразени се искачи на 125.396. Уште 65 лица починале од вирусот, а од почетокот на пандемијата, вкупниот број на смртни случаи е 5.723.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе