Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 22.710.725 лица. Од нив починале 793.557, а оздравеле 15.399.130 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран зголемен број нови случаи на COVID-19. Националната организација за јавно здравје соопшти 269 случаи, од кои 11 се од направените тестови на влезните точки во земјата. Бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 7.934 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти 10 нови случаи на COVID-19 од 3.202 направени тестови, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.395 лица.

– Бројката на жртви на епидемијата на COVID-19 во Косово се искачи на 438, откако во минатите 24 часа се регистрирани нови 13 починати. Во лабораторијата за молекуларна микробиологија при Институтот за јавно здравдтво на Косово (ИКШПК) вчера се тестирани 470 лица, при што кај 158 од нив е откриено присуството на коронавирусот. Вкупно од појавата на епидемијата заболени од COVID-19 резултирале 12.006 од 45.868 лица кои се тестирани поради сомневање дека се заразени од новиот вирус. Вклучително вчерашните 245 евидентирани новоизлекувани, бројката на лица кои ја пребродиле болеста достигна до 7.929. Активни носители на вирусот, според официјалните податоци на ИКШПК, се 3.639 лица.

– Во изминатите 24 часа во Србија од последици од COVID-19 починале пет лица, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 689. Во Србија досега со новиот коронавирус инфицирани се 30.209 луѓе.

– Во Босна и Херцеговина во изминатото деноноќие регистрирани се четири смртни случаи од последици од COVID-19 со што вкупниот број изнесува 512. Исто така забележани се 338 новозаболени лица.

– И денеска САД се на прво место во светот по бројот на инфицирани и починати луѓе од последици од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се 13.878 случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 5.714.809, од кои од кои 176.667 починале, а оздравеле 3.064.576 луѓе.

– По САД следи Бразил, каде во изминатите 24 часа регистирани се 10.104 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 3.470.517 лица. Во истиот период од последици од COVID-19 починаа 254 лица, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 110.443.

– На трето место е Индија, каде за еден ден се регистирани 65.145 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 2.900.967 луѓе. Додека забележани се 954 смртни случаи со што вкупниот број на починати од последици на новиот коронавирус изнесува 54.948 починале, а оздравеле 2.153.342 лица.

Тагови
реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Свет

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Read more

Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, ОАЕ и Турција

Read more

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Read more

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Read more
 

Вести

Фрагментирана интроспекција – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Читај повеќе
  • filter

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Читај повеќе

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

Читај повеќе

Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб

Читај повеќе

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Читај повеќе

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе