Добитници на овогодинешната Нобелова награда за физиологија и медицина се Каталин Карико и Дру Вајсман.

Американски научник и унгарски биохемичар добија награда за нивниот придонес во развојот на mRNA вакцина против ковид.
Инаку, 113 Нобелови награди се доделени за физиологија и медицина од 1901 година, откако се доделува наградата.
Најмладиот лауреат е Фредерик Г. Бантинг, кој на само 32 години ја добил оваа награда за откривање на инсулинот во 1923 година, додека најстар е тогаш 87-годишниот Пејтон Ројс. Тој беше награден во 1966 година за откривање на вируси кои предизвикуваат тумор.