Доделени наградите на 19. Синедејс

Со премиерата на филмот „Хомо“ на Игор Иванов Изи, под отворено небо на кровот на ГТЦ и концертот на Здружението на џез музичари и гудачкиот
оркестар во паркот на МКЦ, беше затворен 19-тиот Меѓународен фестивал за европски филм - Синедејс.

Затворивме успешен фестивал, за којшто твитерџиите напишаа, Синедејс –
згази. И многу ни е мило за таквиот впечаток, бидејќи со многу ентузијазам и
силен мотив, навистина се потрудивме.

„Годинава направивме огромна промена, решивме наместо да се туфкаме и зборуваме колку е тешко да се работи во овие услови, да бидеме проактивни и да реализираме фестивал во физички услови, а не онлајн. Скопје го претворивме во кино под отворено небо, и успеавме да стигнеме во многу маала, да ги ревитализираме за време на фестивалот некогашните кино простори и да му дадеме друг пулс на градот“ – вели Маргарита Арсова, координаторка на Синедејс.

Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше жири комисијата во
состав: Лабина Митевска - актерка и продуцентка, Благој Веселинов - актер и
Кнут Елстерман – режисер, која ги додели следниве награди:


Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби
„Гагарин“ во режија на Фани Лијатар и Жереми Трули. 
Во образложение за филмот, жири комисијата вели:
„Жирито за многу кусо време се согласи дека ова беше најдобриот филм. Нѐ
восхити неговата визуелна убавина и хуманост. Инспирирани од вистинит настан – рушењето на огромен станбен комплекс, режисерите создале модерна бајка за тоа што значи домот денес, што прави да го чувствуваме како дом – луѓе од најразлични културни потекла се обединуваат како во село, соединети во болката од загубата на овој дом. Со извонредни, автентични млади актери,
совршен во третманот со бои и текстури, оригинален и стручен во играта со
мотиви, овој филм е како поетска утопија, ремек-дело што ни изнуди насмевки и солзи и нѐ направи многу среќни“.

Во „SEE програмата“ награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „Оаза“ во режија на Иван Икиќ.
Во образложението за филмот, жири комисијата вели:
„Храбар и ризичен проект: режисерот Иван Икиќ работел со фантастични актери со попреченост и успеал да создаде трогателна љубовна приказна, конфликт на љубовен триаголник во институција за лица со интелектуална попреченост, раскажана во три поглавја. Секое поглавје е посветено на еден од трите главни лика, кои имаат високо достоинство и многу комплексни карактери. Многу ни се допадна начинот на кој Икиќ работи во нормален ракурс со неговите актери, никогаш не е во ѕиркачка перспектива, и оваа трогателна приказна ја раскажува однатре, а не како љубопитен набљудувач. Икиќ е одличен раскажувач, но неговиот филм е многу повеќе од тоа: без никакво претерување или едноставни обвинувања, снимен речиси во документарен стил, овој филм се залага за правото на самоопределување и љубов на лицата со попреченост.“

Специјално признание за филмот „Матер“ во режија на Јуре Павловиќ од „SEE програмата“. Во образложението за филмот, жири комисијата вели:
„Многу едноставна, архаична приказна, конфронтација на една сурова мајка на
посмртна постела со нејзината ќерка Јасна, хрватски иселеник во Германија,
извонредно одиграна од фантастичната Дарија Лоренци. Нѐ воодушеви детално
разработениот и природен начин на кој режисерот Јуре Павловиќ го создава
напнатиот однос помеѓу двете жени, истражувајќи го секое делче од ранетата
душа на Јасна, врвното, длабоко проникнување во влијанијата што го градат
нашиот карактер, со многу наративни детали – Јасна е многу послична на мајка
си одошто мисли.“

Овогодинешниот 19-ти Меѓународен фестивал за европски филм - Синедејс којшто се случуваше во поместен термин, го следеа повеќе од 5.000 луѓе, кои
уживаа во проекциите под ведрото небо. Под слоганот „Филм на секое платно“
успеа во својата мисија со програмски репертоар од 40 филмски проекции, на
девет локации низ Скопје и три концерти со фокус на домашната филмска
продукција.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе