Dodge Challenger Black Ghost е потсетник на 70-тите

Во пресрет на најавената електрификација, Dodge за 300 клиенти подготви еден од последните Challengers кој ќе биде придвижуван од громогласен HEMI V8 мотор.

Пред неколку дена Chrysler го претстави последното ограничено издание на V8 300C. Целото планирано производство се распродаде за 12 часа, па се очекува истото да биде случај и со Challenger Black Ghost со V8 погон, кој Dodge исто така ќе го понуди во само 300 примероци.

Потсетникот на Dodge за легендарниот црн Challenger од 70-тите години на дваесеттиот век, кој го придвижуваше 7-литарски V8 мотор, се крие зад името Black Ghost и го претставува шестото (претпоследното) специјално издание на Challenger со кое Dodge наскоро ќе ја заврши приказната во која V8 моторот игра водечка улога.

Модерниот Black Ghost со себе носи продолжена каросерија слична на онаа на Challenger Hellcat Redeye, а 6,2-литарскиот HEMI V8 мотор, потпомогнат од механички компресор, развива 808 коњски сили и 972 Nm максимален вртежен момент, кој се дистрибуира само до задната оска со помош на 8-брзински автоматски менувач. Јасно е дека каросеријата на сите 300 примероци ќе биде црна, а има и неколку апликации со кои Dodge се навраќа на оригиналниот модел.

Темните тонови доминираат и во кабината, која е обложена со комбинација од кожа и алкантара, а донекаде е изненадувачки што Dodge избра сиви бандажи за Black Ghost. Останува да ја почекаме презентацијата на последното седмо специјално издание на Challenger, кое ќе го придвижува легендарниот HEMI, бидејќи претходно беше одлучено следната генерација на еден од најпознатите американски автомобили „мускули“ да биде придвижуван од само електрични мотори.

 

Тагови
реклама

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе