Докторка која побегна од Кина: Коронавирусот е создаден во воена лабораторија

Кинеска докторка која побегна од родната земја поради закани по животот тврди дека новиот коронавирус е создаден во воена лабораторија, а Кина и СЗО најпрвин ги криеле фактите за тоа дека заразата се шири меѓу луѓето.

Ли Менг Јан, чие семејство и пријатели се испитувани од членови на комунистичката партија откако ја напуштила Кина во април, во САД стана „дошепнувач“ поради коронавирусот. Во декември Ли работела како виролог во лабораторија на Универзитетот во Хонгконг, центар за истражување на заразни болести на Светската здравствена организација.

Нејзиниот шеф, професор Лео Пун, побарал од неа да истражи мистериозни случаи на зараза слична на SARS во кинескиот град Вухан.

Професорот Пун бил еден од научниците кои се бавеле со идентификација на секвенца од геном на коронавирусот кој предизвика епидемија на SARS во 2003 година. Податоците што ги открила Ли се игнорирани во Пекинг и потиснати од страна на режимот и неговите научници.

На почетокот на јануари со испитување на кластер во семејства е откриено дека вирусот во Вухан се пренесува од човек на човек. Ли дознала дека и други научници во Кина го секвенционирале геномот на новиот коронавирус. Знаела дека Вухан има повеќе случаи на заразени од тоа што го признава кинеската влада, па верува дека тврдењето дека вирусот потекнува од пазарот во Вухан е всушност лага.

„Не сакаа јавна расправа, на луѓето им кажуваа да не се грижат“, вели таа.

Докторката не била единственото медицинско лице кое сакало да ја дознае вистината. На 23 јануари се уапсени осум доктори поради предупредување на коронавирусот на социјалните мрежи. Властите тоа го нарекле „ширење на измама“, а потоа на 7 февруари починал еден од нив, д-р Ли Венлијанг.

Во текот на февруари расте загриженоста и вирусот веќе почнува да се шири низ светот. Кластери се појавуваат во Ломбардија, Италија, на крузерот на Diamond Princess во Јокохама, Јапонија, па во Јужна Кореја, Иран, на Блискиот Исток, Балканот.

Како што почнува да расте бројот на смртни случаи, докторката сфаќа дека има посебно знаење за глобалната катастрофа која е во тек, а за која нејзината влада не сака да говори. Во Кина, на лекарите им е кажано да ги дијагностицираат само случаите поврзани со пазарот во Вухан.

„Сфатив дека ова е итна ситуација за целиот свет, не можев да молчам“, вели таа во интервју за Fox News.

Според неа, кинеската влада и СЗО го измамија светот, знаеле дека болеста се пренесува од човек на човек, но одложувале тоа да го објават. Докторката известувала во повеќе наврати за нејзините откритија, а потоа нејзиниот шеф ѝ рекол да „молчи и да биде внимателна“. Верувајќи дека тие информации може да спасат животи одлучила да замине за САД.

Знаела дека можеби никогаш повеќе нема да го види своето семејство, а тие можеби ќе бидат казнети поради нејзиното бегство и откривање на државни тајни. Но, знаела и дека ако ги открие информациите додека е во Кина, ќе заврши како „исчезната“, па дури и нејзиното име ќе биде засекогаш избришано.

На 28 април се качила на лет за Лос Анџелес, на аеродромот на пограничните власти им ја раскажала својата приказна и молела за дозвола за престој во САД. Во меѓувреме, на нејзините најблиски властите им се заканиле, а нејзините родители биле принудени да излезат јавно и да кажат дека Ли е лажга и предавник.

Криејќи се во САД, докторката вели дека вирусот SARS-CoV-2, кој предизвикува болест COVID-19, е можеби намерно создаден во воена лабораторија со експерименти на коронавируси кои потекнуваат од лилјак.

Кина ги негира сите нејзини тврдења и вели дека Ли не учествувала во никакви истражувања за коронавирусот. Во јули Универзитетот во Хонгконг ги негираше нејзините тврдења дека таа учествувала во некакви истражувања за трансмисија на вирусот од луѓе на луѓе во текот на декември, 2019 година и јануари, 2020. Во соопштението не е спомнато зошто таа го напуштила универзитетот.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе