Лекар од Вухан предупредил за корона вирусот, полицијата го замолкнала

Кинески лекар од Вухан кон крајот на декември се обидел да предупреди за корона вирусот, меѓутоа бил замолчен од страна на полицијата, објавија BBC и CNN.

Доктор Ли Венлијанг (34) на 30 декември пуштил порака преку апликацијата WhatsApp дека седум пациенти во болницата во која работи се заразени од вирус сличен на САРС и дека се во карантин.

Тој појаснил дека станува збор за корона вирус кој припаѓа на фамилијата вируси во кои се и тешките акутни респираторни синдроми.

Меѓутоа, во рок од неколку часа неговата порака станала вирална.

– Кога видов дека циркулира, сфатив дека е надвор од моја контрола и дека најверојатно ќе бидам казнет, рече Ли.

За кратко време полицијата на Вухан го обвинила дека шири гласини, а во меѓувреме и тој се заразил и се наоѓа на интензивна нега.

Вирусот кај него е дијагностициран од 1 февруари, а се заразил од пациент кого го лекувал.

Во меѓувреме, добил опомена и од болницата, од каде му било побарано да појасни како знаел за случаите. На 3 јануари бил повикан во полиција на сослушување поради наводно ширење дезинформации, иако на 31 декември била прогласена епидемија на коронавирус.

Доктор Ли бил принуден да потпише изјава во која го признава својот „прекршок“ и во која ветува дека нема да направи нови „незаконски дејства“.

Полицијата досега нема одговорено на прашањата на CNN во врска со тврдењата на доктор Ли.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе