Доларот ослабе, цената на нафтата падна

На пазарите на валути вредноста на доларот падна во однос на кошницата валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,35 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,52 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,35 на 157,65 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0730 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0700 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,14 отсто, на 84,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 80,15 долари.

Азиските берзи го следат растот на Волстрит

На азиските берзи утрово цените на акциите пораснаа, благодарение на нивната корекција по вчерашниот пад и новите рекордни височини на берзанските индекси на Волстрит.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, во 7 часот порасна за 0,6 отсто, надополнувајќи ги вчерашните загуби.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 0,8 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Австралија пораснаа меѓу 0,3 и 0,9 отсто. Во Хонгконг, пак, тие благо паднаа.

Откако вчера паднаа поради послабите од очекуваните економски показатели од Кина, берзанските индекси утрово ги надоместија тие загуби.

Инвеститорите беа охрабрени од новите рекорди на индексот S&P 500 на Волстрит, како и на Nasdaq.

Индексот Dow Jones вчера зајакна за 0,5 отсто, додека S&P 500 порасна за речиси 0,8 отсто, а Nasdaq за 0,95 отсто.

И вчера, како и минатата недела, најмногу пораснаа цените на акциите на производителите на чипови и технолошките компании.

Иако немаше нови значајни вести, цената на акцијата на Apple порасна за 2 отсто, а на Мајкрософт за 1 отсто. Поскапеа и акциите на другите технолошки гиганти, како Alphabet, Amazon, Meta Platforms.

Оваа недела ќе бидат објавени нови макроекономски податоци кои ќе го покажат „обликот“ на американската економија, а на различни состаноци ќе зборуваат и бројни претставници на ФЕД.

Минатата недела ФЕД објави проценки дека ќе ги намали каматните стапки само еднаш до крајот на годината бидејќи инфлацијата и понатаму е значително повисока од целното ниво од 2 отсто, но инвеститорите се надеваат на позначително намалување на цената на парите.

По силниот скок на цените на акциите во последните недели, аналитичарите ги зголемуваат своите проценки за растот на индексот оваа година.

Поради силниот технолошки сектор и ентузијазмот на инвеститорите за развој на вештачка интелигенција, аналитичарите на Goldman Sachs проценуваат дека S&P 500 ќе ја заврши годината околу 5.600 поени, а не околу 5.200 поени, како што претходно очекуваа.

Аналитичарите на Evercore ISI ја зголемија проценката за раст на индексот S&P 500 од претходните 4.750 на 6.000 поени.

реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Едно овошје во комбинација со лекови може да предизвика труење и смрт

Read more

Храна што треба да ја јадете по 40-тата година за подобро здравје на мозокот

Read more

Бизнис

Кои се резултатите од експериментот „четиридневна работна недела“ во Германија?

Read more

Во Германија „цвета“ бизнисот со канабис

Read more

Цените на нафтата над 85 долари

Read more

Цените на нафтата растат втора недела по ред

Read more
 

Вести

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Читај повеќе

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Читај повеќе

Тројца македонски поети на фестивал во Загреб

Читај повеќе

Извлечена e екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди

Читај повеќе

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Читај повеќе

Пациент и екипа на Брза помош заглавени во лифт во скопска Кисела Вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Асанж конечно е слободен – колку го чинеше разоткривањето на вистината?

Читај повеќе

Кои се резултатите од експериментот „четиридневна работна недела“ во Германија?

Читај повеќе

Кривична за Самка Ибраимовски за наводни закани кон уставен судија

Читај повеќе