Доменикали: Се надевам битката Верстапен – Хамилтон ќе продолжи, но сметам и на други возачи

Ф1
МИА
/ 03.01.2022 / 15:15

Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, рече дека се надева дека во 2022 година ќе продолжи борбата меѓу возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.

„Благодарение на битката меѓу Луис и Макс, интересот за Ф1 беше голем. Очекуваме бум во САД, ова е многу важно за нас. Мислам дека мојата прва година на оваа функција беше добра. Се надеваме дека сезоната 2022 ќе биде уште подобра“.

„Макс покажа неверојатен напредок низ годините, а во 2021 година постојано се бореше до крај. Така што мислам дека ја заслужува титулата. Едвај чекам да видам како ќе се претстави во новиот шампионски статус“, истакна Доменикали.

Првиот човек на најбрзиот „циркус“ во светот се надева дека битката ќе продолжи и во новата сезона.

„Верувам и посакувам неизвесноста да продолжи и во 2022. Но, исто така се надевам дека и други возачи ќе се приклучат во борбата за титулата. Сега има многу млади и талентирани пилоти во Формула 1“, додаде Доменикали.

Шефот на шампионатот раскажа на кои пазари Ф1 планира да го зголеми своето влијание.

„Како што реков, САД ни се важни и работиме напорно за да имаме успешна трка во Мајами во 2022 година. Исто така, не го потценувајте Далечниот Исток, особено со доаѓањето на Жу Гауанју во Алфа Ромео. Расте интересот од Кина, а и овој регион ќе стане еден од клучните за нас. Би било одлично да се вратиме во Африка – на север или југ од континентот. Европа ни е многу важна: мора да го задржиме традиционалното Гран при. И јас сум разочаран што немаме ГН на Германија во моментов. За жал, не гледам вистински интерес од Германија. Штета е, па дури и тешко да се поверува. Се надеваме дека ова ќе се промени во иднина. Добиваме прашања од целиот свет и лесно можеме да се натпреваруваме на 30 различни етапи“, потенцира Доменикали.

Новата сезона во светскиот шампионат во Формула 1 треба да почне ва март во Бахреин.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе