Компанијата Playseat го претстави новиот официјален Ф1 кокпит за симулациски трки.
Кокпитот се вика Formula Intelligence F1 Edition и чини 2.149 фунти, или околу 2.516 евра, а беше поддржан од актуелните возачи на Формула 1. Дизајниран е со задача „да обезбеди реално тркачко искуство, кое со интензитет му парира на искуството на патеката“.
Кокпитот е направен со држач за тркачка рачка, педали и дисплеј и може да се прилагоди за различни пропорции на возачот.
Познатата шема на бои со официјалната ознака F1 изгледа впечатливо за разлика од повеќето хардвери за симулација на трки, каде црната боја со децении е доминантна боја.