Џонсон го предупреди Путин за Украина: Ќе има сериозни последици

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин на „смирување на тензиите“ во Украина, предупредувајќи дека воената интервенција би била „стратешка грешка“ што ќе има „последици“.

Во телефонскиот разговор, Борис Џонсон „ја изрази искрената загриженост на Велика Британија поради трупањето руски сили на украинската граница и ја повтори важноста од смирување на тензиите преку дипломатски канали“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

„Премиерот истакна дека Велика Британија е посветена на интегритетот и суверенитетот на Украина и предупреди дека секој обид за дестабилизација ќе биде стратешка грешка што ќе има сериозни последици“, се додава во соопштението..

САД, ЕУ и Киев со недели ја обвинуваат Москва дека подготвува напад врз Украина, што Кремљ го негира.

На средбата изминатиов викенд во Ливерпул, на северозападот на Англија, министрите за надворешни работи од Г7 упатија предупредување до Русија, а британската министерка Лиз Трус се закани со „огромни последици за Русија во случај на инвазија на Украина“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе