Дождот го спаси Скопје – падна на 66. место на листата најзагадени градови во светот

Сараево денеска е најзагаден град во Босна и Херцеговина и еден од најзагадените во светот со индекс на квалитет 266, кој спаѓа во категоријата многу нездраво за населението.

Фото: Ф.З. / КАЈГАНА

Позагадени градови од Сараево се Дака, Бангладеш, Лахоре, Пакистан и Багдад.

Во такви услови, лицата со респираторни заболувања, како што е астмата, може да доживеат значително зголемување на симптомите и интензитетот на болеста, а се зголемува и веројатноста за негативни последици по респираторните органи на целата популација.

Ако индексот за квалитет на воздухот е од 0-50 тогаш е здрав, од 51-100 е умерено загаден. Сè што е повеќе од 100 е нездраво, а повеќе од 300 е опасно по здравјето.

Во Сараево од почетокот на годинава квалитетот на воздухот неколку пати е лош, а во некои денови и опасен по здравјето.

Скопје пред точно еден месец се искачи на третото место по загаденост на листата на поголеми градови во светот - со индекс на загаденост од 182, според интернет платформата  IQAir, која објавува сопствени податоци за загаденоста во градовите ширум светот во реално. Тогаш први на листата беа Делхи во Индија со индекс од 215 и Лахор во Пакистан со 255.

На денешната листа Скопје се позиционира на 66-тото место, со индекс од 45. Неколкудневните врнежи дожд сигурно придонесоа за расчистување на воздухот во главниот град.

Студиите за загадување во главниот град покажаа дека воздухот во Скопје нема да се прочисти целосно сè додека масовно се користи дрвото за огрев. Но, покрај согорувањето на биомасата коешто претставува најголем извор на загадување на амбиенталниот воздух, како „трујачи“ на воздухот се посочуваат и индустријата и градежништвото. Загадуваат и автомобилите, поради што надлежните предлагаат алтернативи - пешачење, возење на велосипед и користење на јавен превоз, пишува Дојче веле.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе