2.МФЛ ИСТОК 2020/21

Драгана Костова е првата жена која ќе тренира машки клуб во Македонија

Филип Здравески
/ 08.08.2020 / 14:39

Росоман 83 е прв македонски машки фудбалски клуб со женски тренер.  Екипата која сезонава ќе настапува во Втората лига група Исток скрши големо табу за нашите простори.

Костова на еден од подготвителните натпревари; Фото: ФК Росоман 83

Неверојатно за македонски услови, но машкиот фудбалски тим на Росоман 83 ќе биде предводен од женски тренер. Иако ова не е табу во Европа и Северна Америка, кај нас досега не се случило. За сè има првпат, па еве конечно и во Македонија на зелениот терен ќе видиме како женски тренер предводи машка екипа.

Росоман 83 од кавадаречкото село Росоман се врати во Втората лига по цели 22 години играње трета и општинска лига откако во минатата прекината сезона беше лидер во 3.МФЛ Центар. Управата на клубот деновиве донесе одлука тренерската палка да ѝ ја довери на Драгана Костова, 29-годишна фудбалерка која досега настапуваше за скопски Драгон од женската лига, а е и поранешна репрезентативка на женската репрезентација на Македонија. Играше во одбраната, а претходно настапуваше и за Тиквешанка од родниот Кавадарци, како и за Наше Такси. Се работи за авторитетна личност, па не е случајно што иако сè уште млада заплива и во тренерските води и тоа во машка екипа. Таа поседува тренерска А лиценца.

„Драги наши поддржувачи и пријатели, од вчера официјално ШЕФ(ица) на стручниот штаб на ФК РОСОМАН 83 е Драгана Костова!
Со среќа Драгана, имаш поддршка од сите, а исто така имаш и искусни соработници во тренерската екипа од кои ќе научиш уште повеќе!
⚽️ НАПРЕД РОСОМАН!“, се пофали клубо на својот официјален Facebook профил.

Тренерската легитимација на Костова; Фото: ФК Росоман 83
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе