Драматична сцена од Шпанија: Зграда се урна само неколку моменти по евакуацијата на станарите

Макфакс
/ 16.06.2023 / 08:52

Видео го прикажува страшниот момент кога петкатница во Шпанија се урна речиси по една секунда откако нејзините жители беа евакуирани.

Жител на зградата во градот Теруел, регионот Арагон, во вторникот наутро повикал пожарникари откако начул нешто како чкрипење.

Кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот, некои станари веќе ја имале напуштено зградата откако слушнале застрашувачки звуци и виделе пукнатини.

Штом пожарникарите завршиле со евакуацијата на преостанатите станари, зградата во која било сместено 21 семејство, драматично се урнала.

Според локалните медиуми, колапсот се случил „секунда“ по завршувањето на евакуацијата.

Remote video URL

Причината за уривањето сè уште не е позната. Сепак, некои жители се загрижени дека неодамнешните дождови во комбинација со неисправен систем за одводнување можеби се причината за ваквата случка.

Неколку дена претходно, неколку станари отишле во Градската куќа да пријават проблем со вода.

Неколку часа по колапсот, новинарот, писателот и добитник на литературна награда, Хавеер Сиера, кој живеел во зградата со своите родители кога бил дете, се огласи на Twitter и напиша: „Сакаме да испратиме голема прегратка до семејствата кои видоа како денес им се уништуваат домовите“.

Локалниот полицаец Анхел Лорас изјави за локалните медиуми: „Основните структури беа како хартија, тие целосно се распаднаа и предизвикаа уривање на зградата под притисок“.

Претходно за време на невреме во овој регион наврна голема количина на дожд.

Жителка на зградата, Елвира Мартѝн, за локалните медиуми изјави: „Се јавивме во градското собрание. Во петокот бевме таму и пријавивме дека водата сè уште влегува, барајќи од нив некој да погледне, но не ни обрнаа внимание.

Антонио Армуниа, чиј магацин бил во подрумот на зградата, рече: „Зградата не беше толку стара. Градското собрание не ја проценило ситуацијата и само го повикало водоводното претпријатие. Синоќа се симнав во гаражата и имаше многу вода. Да се ​​случеше додека спиевме, сите ќе бевме мртви“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе