Дресот на Баерн најкупуван во 2021, на ПСЖ само 9-ти

Во изминатата 2021 година како алва се продавале дресовите на „Баварците“, Роналдо го кренал Манчестер Јунајтед, а ПСЖ ни со Меси не успеал да забележи значителен напредок.

Според податоците на Euromerica Sport Marketing, фирма овластена од ФИФА, на пазарот на дресови лани најмногу му одело на минхенски Баерн кој продал дури 3,2 милиони дресови.

Втор е Реал Мадрид со 3 милиони, а потоа следуваат Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Јувентус е единствениот клуб од Калчо лигата во топ 10 со 1,42 милиони продадени дресови. Со заминувањето на Кристијано Роналдо кон крајот на август, се очекува Јувентус да забележи пад во оваа година. Затоа, пак, доаѓањето на Роналдо се почувствува во Манчестер Јунајтед кој и покрај слабите резултати на зелениот терен котира на високото 4. место кај дресовите.

И покрај доаѓањето на Лео Меси, ПСЖ е само 9-ти со продадени 1,180 милиони дресови. Но, се очекува пораст годинава.

Изненадување на листата е Борусија која очигледно и натаму профитира од Ерлинг Холанд, моментално името број еден во овој тим за кој цело време има шпекулации кога и каде ќе замине.

Меѓу водечките 10 ги нема гигантите како Интер, Милан, Тотенхем, Атлетико...

Топ 10 најголеми продавачи на дресови за 2021:

  1. Баерн (Германија), 3.250.000
  2. Реал Мадрид (Шпанија), 3.050.000
  3. Ливерпул (Англија), 2.450.000
  4. Манчестер Јунајтед (Англија), 1.950.000
  5. Јувентус (Италија), 1.420.000
  6. Барселона (Шпанија), 1.340.000
  7. Челси (Англија), 1.310.000
  8. Борусија (Германија), 1.222.000
  9. ПСЖ (Франција), 1.180.000
  10. Манчестер Сити (Англија), 1.087.000
Тагови
реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе