Дуа Липа со нова боја на косата во модната кампања на Versace

Пејачката Дуа Липа е позната по своите чести промени на имиџот, а особено е склона кон експериментирање кога станува збор за косата. Во последната кампања на брендот Versace, таа ја покажа најновата промена - комбинација на шишки со долга црвена коса.

Досега, таа имаше долга темна коса, носеше светки на доделувањето на наградите БРИТ, па дури и избелени плави прамени кои го врамуваа нејзиното лице. Но, последниот изглед на Дуа Липа е огромен пресврт во нова територија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Пејачката е заштитно лице на најновата колекција на модната куќа Versace, а фотографиите покажуваат нов изглед со долга, права црвена коса и кратки шишки.

Како долгогодишен обожавател на брендот - Липа претходно во нејзините настапи носеше светкасти парчиња дизајнирани од Донатела Версаче, а можноста да биде нивно заштитно лице ја нарече „шанса што никогаш нема да ја заборави“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Новите фотографии даваат поглед на косата на Липа, но и нови парчиња од колекцијата за есен 2021 година - торба и палто со дезен кој наликува на лавиринт, како и светложолт фустан и торба украсена со медуза.

Во неколку објави на Instagram, пејачката им се заблагодари на фотографите, но и на самата Донатела за искуството.

„Донатела, те сакам и многу се забавував додека ја правев оваа кампања со најневеројатниот тим“, напиша таа на првата од трите слики од новата кампања.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе