Џудо шампионката Пино брутално претепана од тренерот: Мислев дека ќе умрам

Светската, европска и олимписка шампионка во џудо, Марго Пино (27) на Twitter објави потресна вест.

Таа објави фотографија на која ѝ се гледа деформираното лице, откако била тешко претепана од нејзиниот партнер и тренер Ален Шмит (38).

Шмит веднаш потоа бил уапсен за насилство врз освојувачката на олимпискиот златен медал во Токио, а Пино ја објави својата верзија на настаните.

URL

„Ноќта саботата кон неделата бев жртва на напад во мојот дом од страна мојот партнер и тренер. Бев навредувана, тепана, неколку пати ми ја удираше главата од земја. И на крајот ме давеше. Мислев дека ќе умрам, но успеав да избегам кај соседите кои веднаш повикаа полиција. Имам неколку повреди меѓу кои и скршен нос“, напиша Пино на социјалните мрежи.

27-годишната девојка добила бројни удари по лицето од партнерот и тренер, кој бил во алкохолизирана состојба, соопштија полициски извори, а потоа била пренесена на лекување во болницата Авицена во Бобињи.

Шмит заврши во затвор 48 часа, но потоа беше ослободен. Во образложението на судот се наведува дека немаат доволно докази против него, поради што е пуштен на слобода. Тој тврди дека никогаш не ја удрил Пино и дека повредите настанале откако таа се лизнала и паднала по нивна „љубовна расправија“.

Француската џудистка сепак планира да поднесе жалба, а Шмит наводно добива смртни закани.

Пино во досегашната кариера беше светска шампионка во 2019 година, а има и два златни медали од европските првенства во 2019 и 2020 година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе