Два чудни симптоми кои откриваат дека сте прележале COVID-19

Научниците открија дека COVID-19 влијае на сексуалното и на репродуктивното здравје.

Науката и понатаму се обидува да открие повеќе за последиците од долгиот ковид. Освен познатите симптоми како кашлица, температура, умор, губење на осетот за вкус и мирис, некои пациенти доживеаја и некои поинтимни симптоми за кои не се зборува баш многу, а се јавуваат кај мажите и жените.

Станува збор за репродуктивниот систем, односно проблеми кои настануваат по инфекција со ковид. Конкретно, некои жени забележале промени во циклусот, а мажите еректилна дисфункција долго откако болеста завршила.

Студија објавена во Journal of Endocrinological Investigation покажува дека еректилната дисфункција е претставена како еден од симптомите на коронавирус. Научниците откриле дека мажите во поголем број можат да доживеат намалено излачување на тестостерон, излачување на сперма или двата симптоми, а ретко и намален одговор на  тестостерон во споредба со оние кои не прележале ковид.

„Дали станува збор за долготрајна состојба или минлива, останува ова прашање да биде одговорено“, објаснуваат научниците.

Исто така доаѓа до намален број на клетки во тестисите, клетки кои асистираат во производството на тестотерон, одговорни за сперматогенеза – процес на создавање сперматозоиди.

Научниците мислат дека ова би можело да биде една од причините за големата разлика во смртноста и хоспитализацијата кај мажите и жените, а може да објасни и зошто од вирусот најчесто се заразуваат повозрасни мажи.

Многу жени забележале влошување на ковид симптомите пред почеток на менструацијата, кога нивото на естроген  е доста ниско. Се смета дека е целосна случајност што симптомите на долг ковид потсетуваат на менопауза – умор, болка во мускули и зглобови, вртоглавица и слично.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Здравје

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе