Е-камионите може да бидат „златна кокошка“, но Елон Маск греши

Електричните камиони би можело да се продаваат побрзо и од автомобилите, но постои опасност „Tesla“ да се насочи на погрешен пазар.

Камионот Tesla Semi што неодамна го промовираше Елон Маск би можело да биде насочен на сегмент од пазарот што најверојатно ќе биде најбавен кога станува збор за преминот на електричен погон.

„Идните политики за промена на тешките возила што ќе подразбираат помала емисија на штетни гасови би можело да влијаат на овој модел“, вели аналитичарот на „Барлис“ Михаел Коен.

Ограничувањата во цената, опсегот и капацитетот на товар укажуваат на тоа дека тој пазар, кога станува збор за долги стази, можеби последно ќе биде опфатен од електричните камиони.

Јасно е дека тешките камиони се големи загадувачи и повеќе од 200 градови имаат некаква форма на регулација на емисијата на гасови, а главните градови како Мадрид, Париз, Лондон и Мексико веќе најавија забрани за дизел мотори, што би можело да го забрза интересот за електрични возила, вели Коен.

„Ние сметаме дека треба да се посвети повеќе внимание на развој во секторот за товар, отколку секторот за лични возила“, вели тој.

Сопствениците на Tesla камион ќе имаат можност да го дополнуваат возилото со т.н. „суперполначи“ што овозможуваат дополнување на батеријата со уште 30 минути енергија с кои камионот ќе помине дополнителни 640 километри.

Коен смета дека тоа не е долгорочно решение и дека би требало да се работи на камион со помал домет од оној на Tesla Semi.

„Бев изненаден кога видов дека целта им била камион со долг домет, бидејќи тоа е најлошата работа што може да ја направите со електрична батерија“, вели Јан Рајт, ветеран во оваа индустрија.

Тој вели дека еден од проблемите со користењето на електрични возила за подолги дистанци е на пример, големината на батеријата. Тоа ја зголемува тежината на камионот и ја намалува количината на товар што камионот може да ја пренесе.

Tesla не ја откри вкупната тежина на е-камионот, што е клучен податок, вели Коен.

„Откривањето на дометот на возилото без неговата тежина навистина ни кажува многу малку“, смета тој.

Дали Маск ќе ја препознае можноста за „златна кокошка“ или некој друг ќе го престигне, останува да видиме.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе